Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам проблемот со превозниците да се реши, од септември се разговара со ЕК

Објавено January 27, 2026 14:23
Сподели
Сподели

Од септември месец ова прашање е на дневен ред во рамки на нашите разговори со Европската комисија. Министерот за надворешни работи е задолжен од Владата да разговара за ова прашање, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за блокадите за превозниците и решавањето на овој проблем.

Очекувам ова да се реши. Вчера побарав телефонски разговор со претседателката со Европската комисија, службено е отсутна во Индија, очекувам деновиве повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот да ја ставиме оваа тема маса. Ние бараме варијантна како да излезе во пресрет на транспортерите, вели Мицкоски.

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.

Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку седум дена, патничкиот сообраќај, функционира непречено.

Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сметат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на тие од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: Каде е др Жан?
Следна Статија Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Еве како свештеник ги смири гневните граѓани во Кочани

Жители на Кочани, изреволтирани и гневни по вчерашната трагедија, денес излегоа на улиците во градот. Кога дел од присутните на…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Слаб земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистиран во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Девет години од катастрофалните поплави во Гази Баба во кои загинаа 22 лица

Денеска се навршуваат девет години од катастрофалните поплави во Стајковци и околните села и Сингелиќ во кои загинаа 22 лица.…

August 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче немал златна виза за Дубаи

За обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека поседува златна виза за Дубаи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче целосно демантираше. Тврди дека нема…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?