Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со Законот за медиуми се бара двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Со Законот за медиуми се бара двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите
МАКЕДОНИЈА

Со Законот за медиуми се бара двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

Објавено April 14, 2025 22:02
Сподели
Сподели

Минимум двајца вработени во „големите“ интернет портали, а еден вработен и едeн хонорарец во малите, предвидува амандманот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, што беше усвоен денеска на седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање во Собранието.

Според амандманот поднесен од повеќе пратеници, а кој го образложи пратеникот Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, во законот по ставот 9 се додаваат пет нови ставови. Како што беше образложено, надлежното регулаторно тело нема да го впише издавачот на онлајн медиумот интернет порталот во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали доколку нема вработено најмалку две лица со полно работно време, односно ќе го избрише издавачот на онлајн медиумот-интернет порталот од Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали доколку го нема потребниот број на вработени согласно со член 15 став (3) алинеја 4 од овој закон.

По исклучок на ставот (11) од овој член, надлежното регулаторно тело ќе го впише издавачот на онлајн медиумот-интернет порталот во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми-интернет портали доколку има вработено едно лице со полно работно време и ангажирано едно лице со договор на дело, како онлајн медиум-интернет портал со мал и/или специјализиран опфат, односно ќе го избрише издавачот на онлајн медиумотинтернет порталот од Регистарот на издавачи на онлајн медиуми – интернет портали како онлајн медиум- интернет портал со мал и/или специјализиран опфат доколку го нема потребниот број на вработени, односно ангажирани лица согласно со член 15 став (3) алинеја 4 од овој закон.

Во образоложението на амандманот се наведува дека тој се поднесува за да се направи дистинкција помеѓу онлајн медиуми-интернет портали кои публикуваат информативни, образовни и забавни содржини, односно дел од овие онлајн медиуми- интернет портали публикуваат само информативни, само образовни или само забавни содржини, истите се публикуваат во вид на текст, аудио или аудиовизуелен формат. Онлајн медиумите-интернет портали публикуваат различни содржини, и во различен формат, заради што во суштина се разликува структурата и бројот на вработени, односно ангажирани лица.

На седницата не беше прифатен амандманот на пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, кој предлагаше интернет порталите да имаат вработено најмалку едно лице.

Комисијата одлучи Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми во второ читање да се проследи во натамошна собраниска постапка. Членовите на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање го разгледаа и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење во второ читање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан
Следна Статија Ненадејни пари доаѓаат за еден хороскопски знак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворот „Идризово“ се алармантни

Поради пренатрупаност во затворот „Идризово“, додека еден спие, другиот треба да седи буден и да чека ред бидејќи креветот го…

November 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Aко одите во Велес не се капете во езерото “Младост“-загадено е

Од последните извршени испитувања на експертите од Центарот за јавно здравје-Велес од 17 јули годинава повторно се заклучува дека водата…

August 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Италијанскиот амбасадор: Нема гаранција дека Бугарија нема да ја блокира Македонија во преговорите

Нема правна или политичка гаранција што може да и се даде на македонската влада дека нема да има нови блокади…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?