Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан
МАКЕДОНИЈА

Премиерот со владина делегација во посета на Обединетите Арапски Емирати: Средба со претседателот, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал – Нахјан

Објавено April 14, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можностите за инвестиции во инфраструктурата – ова е во фокус на состанокот меѓу претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и претседателот на Обединетите арапски емирати, шеикот Мухамед Бин Зајден Ал-Нахјан – на чија покана владина делегација на чело со премиерот отпатува во Емиратите.

„Во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, остварив средба со Претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Н. В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, на чија покана се реализира оваа посета. Целта е зајакнување на билатералната соработка и разгледување на можности за инвестиции во инфраструктура, агро-бизнис, обновливи извори на енергија, туризам, иновации и нови технологии“, изјави Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Премиерот во Обединетите Арапски Емирати е заедно со министрите за транспорт Николоски и надворешни работи и надворешна трговија Муцунски, а планирани се и средби со голем број потенцијални инвеститори, бизнисмени и сопственици од агро-бизнисот, компании кои работат на обновливи извори на енергија и иновации од современата технологија.

Министерот за транспорт објави дека планирани се и повеќе средби со бизнисмени и членови на тамошната бизнис комора и дека македонската влада активно продолжува да работи на воспоставување партнерства и можни инвестиции кои ќе овозможат иновативни проекти во земјава.

„Деновиве сум дел од високата делегација предводена од Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати каде што се предвидени бројни средби и тематски состаноци. Во рамки на посетата ќе оствариме средба со претседателот на ОАЕ воедно и владетел на Емиратот Абу Даби, Н.В. Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и со Н.В. Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, потпретседател и премиер на ОАЕ, и владетел на Емиратот Дубаи, како и повеќе државни инвестициони фондови на Емиратот Абу Даби и стопански комори“, изјави министерот за транспорт и врски Александар Николовски.

Владата ги проширува активностите во насока на економско поврзување на државата со новите пазари од Блискиот исток. Планирани се повеќе средби на највисоко ниво и со развојниот холдинг на Абу Даби, со државната инвестициска компанија „Мубала“, како и државната енергетска компанија „Масдар“.

Планирани се и средби со неколку стопански комори со цел разгледување на можностите за соработка во инфраструктурни проекти. Покрај премиерот и министрите, како дел од владината делегација се и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев и директорот на дирекцијата за технолошко индустриско развојни зони Гоце Димовски, како и националниот координатор за туризам Акан Махмут и претставници на уште неколку државни институции.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Струшкиот градоначалник Мерко го прослави 68-от роденден
Следна Статија Со Законот за медиуми се бара двајца вработени во големите портали, еден вработен и еден хонорарец во малите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници

Темелната истрага со обезбедени доказни материјали од инспекторатите, министерставата и општината, дава надеж дека јавноста за кратко ќе ја дознае…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Комисијата влегува во АНБ, ќе се утврдува одговорност за петгодишното прислушување

Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе…

September 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груевска: Не може јазик што не го разбираат 75 % од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот

За Законот за употребата на јазиците Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора., како…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?