Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Народ што избира корумпирани политичари не е жртва, туку соучесник!

Објавено October 7, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во објава на „Фејсбук“ зборува за значењето на државотворноста како темелна вредност на секое општество.

„Државотворноста е способноста на еден народ да создава, одржува и развива легитимни, функционални и одговорни институции кои ги штитат интересите на граѓаните, ги поттикнуваат културните и моралните вредности и обезбедуваат просперитет и правда за сегашните и идните генерации,“ пишува Миноски.

Тој потсетува дека државотворноста на македонскиот народ е втемелена со АСНОМ – историски чин кој ја изразува вековната борба за слобода и создавање праведна држава. Според него, современата државотворност бара лидерство што ги става колективните и државните интереси над личните, а не власт преокупирана со „трупање и изнесување богатство“.

Миноски ја нагласува потребата од промовирање на трудот, знаењето и чесноста како вистински вредности врз кои може да се изгради праведно и успешно општество.

„Општествата што ја прифаќаат корупцијата и криминалот како нормалност се осудени на пропаст,“ додава тој, цитирајќи ја и мислата на Џорџ Орвел дека „народот што избира корумпирани политичари, измамници и предавници не е жртва – туку соучесник“.

„Државотворноста не се брани со зборови и симболи, туку со дела – со работа, интегритет и чувство на заедничка одговорност кон иднината,“ заклучува Миноски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шок во Белград – Задар ја победи Црвена звезда
Следна Статија (Видео) Израел објави снимки од масакрот на Хамас: „Најмрачниот ден во историјата на земјата“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Наместо да не’ поддржуваат, соседите ни ставаат вето

Она што Обединетите нации се за светот, Европската унија е за Европа – мултилатерален проект со една врвна цел –…

September 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание, Единицата…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците

Уставниот суд на Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

Безбедноста на сообраќајот е заедничка одговорност и нашите активности мора да бидат координирани, системски и засновани на современи стандарди, порача…

December 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?