Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сали: Се работи на 10 критични точки од реформската агенда за ЕУ, од нив шест се при крај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сали: Се работи на 10 критични точки од реформската агенда за ЕУ, од нив шест се при крај
МАКЕДОНИЈА

Сали: Се работи на 10 критични точки од реформската агенда за ЕУ, од нив шест се при крај

Објавено April 28, 2026 14:21
Сподели
Сподели

Нашата држава работи на десет критични точки, кои се обемни, а една од нив е реформите на Изборниот законик – истакна денеска министерот за европски прашања Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање дали е пристигнат извештајот на Европската комисија за 2025 година.

– Една од специфичните точки е Изборниот законик, кој бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор затоа што износот што го споменуваме е осум милиони евра за секој чекор. Меѓутоа, дали финансискиот дел е главниот мотив или, пак, исполнувањето на тој чекор, со цел функционирање на системот, е наша цел. Сметам дека како политичари треба да мислиме на идните процеси. Секако, и финансискиот дел е една инфузија за нашиот финансиски систем. Меѓутоа, ние како политичари треба да преземеме одговорност за иднината на државата и тука изборите ни се многу битен фактор – изјави Сали.

Тој додаде дека извештајот од Европската комисија не е пристигнат, но, како што рече, би требало во текот на оваа недела да го добие нашата Влада. Посочи дека македонската јавност знае дека тој извештај е позитивен и 16 до 21 точка се прифатени.

– Тоа е одличен знак за нас. Предупредувањето на комесарката Кос и на европатеникот Вајц се однесуваат на најави за идниот период, односно за овој период до јуни за кој имаме два месеци и сметам дека критични се 10-ина точки. Значи, тоа се критични точки, кои се во грејс-период, не се зборува за другите, кои се тековни точки, чекори, кои треба да ги реализираме. Работиме на сите сфери, значи на грејс-периодот и на редовниот период, кој треба да го исполниме. Сметам дека нивната најава, предупредување, е превентивен знак за нашата држава, треба да работиме понапорно – рече Сали.

Министерот за европски прашање Сали рече дека шест точки од 10-те критични веќе се при крај, завршени, и се очекува до крајот на април да се реализираат, а со цел нашата Влада да има два месеци период на адаптација и за можни измени.

– Мораме да признаеме дека се многу специфични и не случајно се останати така и очекуваме повеќето од овие чекори да ги реализираме, некои се веќе завршени, и преостанатиот дел од редовните 27 чекори, кои се таргет-точки, очекувам повеќето да бидат исполнети од нашите институции – истакна Сали.

Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека има уште 10 чекори што треба нашата земја да ги исполни до јуни, кои, како што рече „се во рамките на грејс-периодот“.

– Ова е системот по кој што функционира реформската агенда и доколку периодот помине, а тие не се исполнат, тогаш парите се губат. Владата и министерствата што се засегнати со овие 10 чекори работат напорно да ги исполнат. На тоа се однесуваше предупредувањето и такво предупредување не беше испратено само кон Северна Македонија, туку и до другите земји кандидати што ги исполнуваат нивните реформски агенди. Значи, во тек е напорна работа, не можам да давам предвидувања, ќе треба да почекаме до крајот на јуни за да го видиме исходот – изјави Рокас.

Евроамбасадорот Рокас додаде дека исто така во тек е извештајниот период за чекорите што треба да се исполнат до јуни 2026 година.

– Јас и мојот тим тесно соработуваме со сите министерства и гледаме дека постои импулс за тоа. Но не можам да предвидам каков ќе биде исходот на крајот од јуни, односно ќе треба да почекаме дотогаш – вели Рокас.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За Филипче прашањето за златната виза во Дубаи билo „дефокус“
Следна Статија ПР стратегот на СДСМ од Србија се додворува на српската опозиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот

Во Македонија граѓаните имаат јасен став, околу 80 отсто не сакаат да се менува Уставот, но речиси 70 отсто се…

March 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Euronews“: Жал ми е што корумпирани политичари за да останат на власт прифаќаа се и сешто

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Директно со Миња Милетиќ“ на Euronews Србија истакна дека нема аргументи за…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одбиена жалбата за притворот на одбраната на Артан Груби

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?