Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Во Армијата постојано се зголемува бројот на жени, во МО над 50 проценти се жени на раководни позиции

Објавено October 31, 2025 19:18
Сподели
Сподели

Министерството за одбрана и Армијата од 2013 година покажуваат исклучителен напредок во интегрирањето на родовата компонента. Бројот на припаднички во Армијата во континуитет се зголемува, над 50 проценти се жени на раководни позиции во Министерството за одбрана, а женски персонал учествува и во сите мировни мисии, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешното одбележување на 25 – годишнината од усвојување на Резолуцијата на 1325 на ОН – Жени, мир и безбедност.

– Особено сакам да го истакнам процентот на офицерки кој достигна околу 23 проценти, бројка која постојано расте и е најголема досега. Овде би сакал да додадам дека забележителен успех можеме да видиме во Министерството за одбрана, кој денеска процентот на жени кои се на раководни позиции изнесува над 50 проценти. Мислам дека претседателката со овој податок ќе биде многу задоволна. Имаме се поголем интерес на женската популација која станува дел од Армијата, а верувам дека и вие ќе се сложите дека се должи и на оние припаднички кои во сите овие изминати години завршуваа како најуспешни меѓу питомците на Воената академија, но и на сите оние припаднички кои со гордост ја носат македонската униформа, посочи Мисајловски.

Нагласи дека за првпат во историјата на Армијата пополнета е позицијата – офицер за родова еднаквост во Кабинетот на началникот на Генералштабот, а има и овластено лице и негов заменик за заштита од вознемирување на работното место.

– Благодарение на спроведувањето на политиките и имплементацијата на сите овие активности денеска може да се пофалиме дека Македонија во сите меѓународни мисии и операции, кои се изведуваат и од страна на Обединетите нации, Европската Унија и НАТО учествуваме и со машки и со женски персонал. Правичната родова застапеност и создавање на еднакви услови за развој во кариера на жените и мажите е една од препознатливите политики и стратешки приоритети на Министерството за одбрана и во Армијата. Врвната професионалност и посветеност кон родовата рамноправност резултираа денес сите позиции да бидат отворени, односно достапни да бидат и за жените и за мажите. А во континуитет работиме и на зголемувањето на застапеноста на жените на раководни и командни позиции. Имплементацијата на активностите од Вториот национален акциски план е доказ за успешното работење. Истовремено тоа е препознаено и од Европската Унија, која ја посочи нашата земја како позитивен пример која ја промовира улогата на жените и младите во општеството, потенцира министерот за одбрана.

Во следниот период најави активно залагање за спроведување на политиките за родова еднаквост, подигнување на свеста за еднакви можности и унапредување на позициите на жените во Министерството и во Армијата.

– Покажавме со пример и резултат дека знаеме и умееме и така ќе продолжиме и понатака, да бидеме инспирација за сите останати институции, рече Мисајловски во обраќањето по повод 25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на 1325 на Обединетите нации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ почнува изборниот молк за вториот круг
Следна Статија Судењето за пожарот во „Пулс“ е голем предизвик за судството, вели Димовска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за историскиот договор: Здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови 5% заклучно со мартовската плата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура

Директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев вели дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого за да најдеме решение кое ќе го одблокира пристапниот процес

Подготвен сум да разговарам било каде и со било кого со цел да најдеме решение со кое ќе се одблокира…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“ во Скопје

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава за паднато…

April 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?