Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски го отвори 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Објавено December 20, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Денеска, 20 декември 2025 година, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“ и Министерството за одбрана, се одржува 25. Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001 и 2015 година, припадници на македонските безбедносни сили.

На денешниот настан присуствуваа министерот за одбрана Владо Мисајловски кој го отвори турнирот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претседателот на Здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски, претседателите на репрезентативните синдикати на одбраната и на полицијата, како и членови на семејствата на загинатите бранители.

Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски ја нагласи жртвата која ја дадоа бранителите за Македонија, притоа не прашувајќи колку е потребно и додаде дека споменот кон бранителите нема да биде заборавен, а нивната жртва за татковината секогаш ќе се негува.

„Меморијалниот турнир што го отвораме денеска е посветен на луѓе кои во клучни моменти за државата не прашуваа колку е тешко, туку колку е потребно. Бранителите од 2001 година и загинатите припадници на безбедносните сили во 2015 година ја извршуваа својата задача професионално, дисциплинирано и со целосна свест за ризикот што го преземаат. Тие не бараа признание, тие ја прифатија одговорноста.“, нагласи министерот Мисајловски.

Претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски кажа: „Тие застанаа во одбрана на својата татковина, бранејќи го суверенитетот и интегритетот на Македонија, несебично ги дадоа своите животи, згаснаа млади сили, но секогаш ќе останат запаметени и вечно ќе живеат во колективната свест на македонците.“

Свое обраќање имаше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна:

„Нивната жртва не е само дел од историјата, таа е вградена длабоко во темелите на македонската државност. Тоа е жртва која не обврзува, жртва која не учи дека слободата, безбедноста и мирот, не се дадени туку се вредности кои се бранат со храброст, со чест и со највисока лична цена. Нивното дело живее и ќе живее како завет и пример во професионалното и етичко постапување на секој припадник на безбедносните институции.“

На денешниот Меморијален турнир учествуваат 16 екипи од припадници на Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, кои со своето присуство и спортски ангажман испратија јасна порака дека македонските бранителите кои ги положија своите животи во одбрана на татковината никогаш нема да бидат заборавени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Германците сè помалку трошат, стравуваат од инфлација
Следна Статија Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утрово почувствуван земјотрес во Македонија

Утрово бил регистриран земјотрес во 7 часот и 23 минути во Македонија. Сеизмолошката опсерваторија известува дека потресот е со јачина од 2,2…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Доказите за пожарот упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, казната е затвор до 20 години

Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сите докази за дискотеката „Пулс“ упатуваат на кривично дело – тешки дела против општата безбедност, за…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ганиу: Од девет дури 7 училишта во Чаир биле изградени „на диво“

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу синоќа во гостување во дебатниот магазин „Click Plus“ обелодени дека од девет училишта на…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?