Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мислам дека Зеленски е спремен да го предаде Крим на Русија, кажа Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Мислам дека Зеленски е спремен да го предаде Крим на Русија, кажа Трамп
СВЕТ

Мислам дека Зеленски е спремен да го предаде Крим на Русија, кажа Трамп

Објавено April 28, 2025 08:39
Сподели
Сподели

Доналд Трамп кажа дека мисли оти Володимир Зеленски е спремен да го предаде окупираниот полуостров Крим на Русија како дел од мировен договор, нешто што Киев досега решително го отфрлаше. Тие се сретнаа на маргините на погребот на папата Фрањо во Ватикан во саботата, а по враќањето во Вашингтон, Трамп изјави дека состанокот поминал добро и дека кратко разговарале и за Крим.

Запрашан од новинарите дали смета дека Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на Русија, Трамп одговори:

Мислам дека е“.

Тој исто така кажа дека Зеленски сега изгледал посмирено, откако двајцата имаа жесток вербален судир во Белата куќа во февруари.

„Го повикувам Владимир Путин да запре со пукањето, да седне на маса и да потпише договор“, рече Трамп, додавајќи дека тоа би можело да се постигне во рок од две недели.

Украина досега ги одбиваше сите предлози за територијални отстапки, истакнувајќи дека прво мора да се договори целосен прекин на огнот. Путин и Зеленски не реагираа на последните коментари на Трамп за Крим.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера ја предупреди Украина да не прифаќа договор кој вклучува сеопфатни територијални отстапки во замена за прекин на огнот. Тој го спореди последниот предлог на Трамп со капитулација.

Минатата недела, Трамп кажа дека веќе се договорени повеќето главни точки од мировен договор и според некои извештаи, тоа вклучува признавање на руската контрола врз значајни украински територии, меѓу кои и Крим и целиот регион Луганск. Американскиот план исто така го забранува членството на Украина во НАТО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дваесет и четири години од масакрот на припадниците на безбедносните сили во Вејце
Следна Статија Стоичков доби дрес од Македонија, легендите предводени од Хаџиевски го победија шампионскиот тим на Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сијарто: На состанокот меѓу Трамп и Зеленски беше јасно кој е за мир, а кој за војна

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој…

March 1, 2025
СВЕТ

Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на официјален Киев, неколку часа пред пристигнувањето во…

February 17, 2025
СВЕТ

Кардиналите влегуваат во конклавата попладнево, се бира нов папа

133 кардинални електори ќе влезат во Сикстинската капела денес попладне и, зад заклучени врати, целосно изолирани од надворешниот свет, ќе…

May 7, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп одобри распоредување на 300 војници од Националната гарда во Чикаго

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одобри распоредување на 300 војници од Националната гарда во Чикаго за, според него, да се реши…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?