Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?
МАКЕДОНИЈА

Мистерија стара 39 години: Дали смртта на архиепископот Ангелариј беше случајна сообраќајка или внимателно испланирана ликвидација?

Објавено June 15, 2025 09:49
Сподели
Сподели

На денешен ден, пред точно 39 години, на 15 јуни 1986 година, Македонија остана без вториот поглавар на Македонската православна црква, архиепископот г.г. Ангелариј. Во трагична и сè уште неразјаснета сообраќајна несреќа кај селото Фариш, на патот Прилеп – Велес, животот го загубија и службениот возач, а единствена преживеана од несреќата беше неговата внука, тогаш студентка, Татијана Попоска.

– Одеднаш пред нас се појави камион и го згмечи „мерцедесот“. Дедо ми ми умре в раце, сведочи денес 53-годишната Татијана Попоска, која и по речиси четири децении не престанува да верува дека трагедијата била внимателно испланирана и спроведена.

Во несреќата учествувале два камиона, од кои барем едниот бил со српски регистарски таблички, а возачите, и покрај тоа што биле осудени на затворски казни од една и четири години, отслужиле само минимален дел. Овој факт, според Попоска, дополнително ги потхранува сомнежите дека станувало збор за наместена сообраќајка – ликвидација организирана од тогашната служба за државна безбедност во координација со структури блиски до Српската православна црква.

Г.г. Ангелариј, со световно име Цветко Крстески, бил роден во прилепското село Долнени во 1911 година. Бил активен учесник во НОБ, парохиски свештеник во Прилеп, Австралија и други места, а по смртта на сопругата во 1972 година се замонашил. Во 1981 година бил избран за Архиепископ охридски и македонски, носејќи ја титулата поглавар на МПЦ.

Неговата смрт до денес останува обвиена во мистерија, делумно и поради неговите храбри јавни ставови за независноста на Македонија и автокефалноста на МПЦ, кои во тоа време биле остро спротивставени на југословенската политика и доминантниот став на СПЦ. Говорот што го одржал на гробот на Гоце Делчев, во кој зборувал за обединување на Македонија, се смета за моментот кога бил „обележан“.

– Не беше тоа само несреќа. Имаше закани, притисоци, а потоа – тишина. И денес верувам дека некој не сакаше дедо ми да живее, вели Татијана Попоска, која по несреќата живее со трајна траума и никогаш повеќе не седнала на предното седиште во автомобил.

Архиепископот Ангелариј е погребан во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Зад себе остави син, внуци и едно големо духовно и национално наследство. Постхумно беше одликуван со Деветтосептемвриската награда на независна Македонија.

И покрај поминатите децении, ниту Црквата, ниту државата досега не ја отворија темата за неговата смрт. Но, прашањето останува да виси над јавноста како отворена рана: што точно се случи на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура?

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Турист седна на столот „Ван Гог“ направен од кристали Сваровски и го скрши
Следна Статија Фото: Најдобриот центар во НБА ужива на „рафтинг“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Успеавме да покажеме дека промената на Уставот не е последниот услов

Проблемот не бил во промената на Уставот туку нашиот идентитет, суштината на овој народ, македонскиот јазик, изјави вечерва премиерот Христијан…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски…

March 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Провокација пред протестот: За Османи Македонија е „држава на главни народи“

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи Бујар Османи реагира на протестот на студентите-Албанци студенти во Скопјe, изразувајќи…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот, покажуваат последните тестирања

Секое второ дете во прилепските градинки има проблеми со говорот и потребна е интервенција на логопед. Ова го покажуваат последните…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?