Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
МАКЕДОНИЈА

За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор

Објавено March 22, 2025 20:26
Сподели
Сподели

Од Основниот суд Кочани за МИА потврдија дека е определена мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката, а во однос на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.

Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во заминување Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев.

Со досегашната истрага за пожарот во дискотеката „ Пулс“ вои Кочани се опфатени 27 физички и три правни лица.

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Коцевски на прес-конференција посочи дека со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство.

Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
Следна Статија Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија каде спаѓаат и станбени згради

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: Нема да дозволиме Пошта да колабира заради приватни интереси

Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Зејд: Слобода на говор е да кажам дека мојата земја е Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница повтори дека Македонија е неговата земја и дека секогаш ќе биде, и дека…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Документи се вадат во законскиот рок, нема веќе турканици ниту хаос

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на емисијата „Топ тема“, информира дека досега се издадени околу 1.800.000 пасоши…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?