Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија каде спаѓаат и станбени згради
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија каде спаѓаат и станбени згради
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија каде спаѓаат и станбени згради

Објавено March 22, 2025 20:26
Сподели
Сподели

Владата и министерството за транспорт преземаат активности за да се превенираат трагедии. Вицепремиерот Александар Николоски изрази сочувство на фамилиите кои изгубија некој во трагедијата во Кочани.

Тој рече дека моментално се врши проверка на сите издадени лиценци и овластувања.

„Владата презема мерка, а препорачува и на општините истото да го направат – контрола на сите издадени лиценци, овластувања и се она што значи пренесување на надлежности од државата кон приватни субјекти. Во суштина, тоа е идејата на овие лиценци и овластувања за одредени работи кои државата не може да ги врши да ги врши приватниот сектор во име на државата. Идејата е добра, благородна е, ја прават сите најразвиени европски држави, но проблемот настанува кога не се почитуваат прописите и правилата“, рече Николоски.

Николоски додаде дека наскоро јавноста ќе добие бројки од целата акција која ја презема владата.

„Имаме една сериозна акција на проверка. Се работи во сите сектори и сите тие ќе почнат да излегуваат со бројки и резултати со кои би презентирале пред јавноста каква е состојбата. Увидуваме и дека има доста законски недоследности. Не велам дека законите се секаде лоши. Во најголем дел законите се добри и намерата е добра, но за жал нашиот менталитет е таков каков што е и има бројни злоупотреби. Во одредени ситуации законодавецот веројатно сакајќи да ги поедностави процедурите, тоа поедноставување доведува до големи злоупотреби од страна на приватните субјекти кои се крајни корисници на овие овластувања и лиценци“, заклучи вицепремиерот Николоски.

Денес имам нови бројки имајќи предвид дека вработените во министерството за транспорт работат и денес и утре. Доколку строго ги гледаме законите на раб на закон е дали смееме да го правиме ова. Ние донесовме одлука да ја направиме оваа контрола. Пред да одам со бројки да најавам дека по итна постапка ќе пуштиме законски измени со што овие контроли ќе станат облигаторни на секои шест месеци да се прават“, рече Николоски.

Тој ги објави новите бројки и рече дека најголем дел се од Б категорија.

„Имам нови бројки. Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За 24 осомничени за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
Следна Статија (ВИДЕО) Масовно пукање во САД: Тројца загинати, 14 повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ништо од „Рајанер“ во Македонија, барале двојно поголема субвенција и привилегии: Со нивните услови, државата ќе банкротира

Македонската влада не успеа да постигне договор со „Рајанер“ за влез на домашниот пазар, а барањата на ирскиот нискобуџетен превозник…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ горивата поскапуваат за еден денар по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензинот…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД ни воведе 33 отсто царина, Владата смирува, а експертите велат дека ќе има мал индиректен ефект

Соединетите Американски Држави воведоа 33 отсто царина за македонските производи, а Владата смирува и порачува дека нема потреба од никаква…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Извршителите лани наплатиле рекордни 160 милони евра

Извршителите минатата година од државата како должник наплатиле рекордни 31,5 милиони евра, без да се наведе колку од оваа сума е за…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?