Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки
МАКЕДОНИЈА

Митева: Два објекти не ја почитувале одлуката на Владата за денови на жалост, итна реакција и преземени сите мерки

Објавено March 22, 2025 16:41
Сподели
Сподели

Ќе продолжиме и денес со дневното информирање на јавноста за сите преземени чекори од страна на надлежните институции се со цел да обезбедиме навремено и точно информирање на јавноста за обврските кои се наша должност, рече на денешната прес-конференција портпаролот на македонската влада, Марија Митева.

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме прес-конференцијата на владата

Во овие денови на тага зборовите за утеха не се доволни, но постапките кои се преземаат мора да бидат конкретни и прецизни. Како влада, ние стоиме покрај секое семејство – не само со зборови на сочувство, туку и со конкретни постапки кои обезбедуваат правда, одговорност и иднина во која ќе се спречат вакви трагедии.

Од првиот момент нашите институции се целосно мобилизирани. Истражните органи работат итно и прецизно. Граѓаните ја заслужуваат вистината, и ќе ја имаат.

Нашиот приоритет сега е двоен: да ја завршиме институционалната работа со целосен интегритет и да преземеме итни чекори за да спречиме идни трагедии од ваков карактер. Затоа, во координација со сите релевантни органи, ги зајакнуваме безбедносните мерки, ги подобруваме протоколите и ги решаваме сите идентификувани неправилности. Одговорноста не завршува со зборови – туку со акција.

Денес на оваа прес конфернција директорот на фондот за здравствено осигурување г-дин Сашо Клековски ќе даде осврт на состојбата од аспект на здравствените активности, додека пак директорот на СОЗР, Ивица Томовски осврт на преземените активност во делот на конкретната поддршка која ја дава државата на семејствата на повредените.

Јас денес ќе соопштам повторно информации од активностите на ДПИ во координација со МВР кои се однесуваат на вчерашниот ден, а се во насока на вонредните контроли за почитувањето на одлуката на владата за прогласување на денови на жалост. Во овие контроли вчера се утврдени два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата и работеле, за тоа се изречени соодветни мерки и затворање на локалите.

Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови.

Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени.

И во ова надлежно министерсто во текот на вчерашниот но и денешниот ден контролите продолжуваат и до крај на денот очекуваме нов пресек со детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци.

Болката од оваа трагедија е неизмерна, но ќе ја информираме јавноста како напредуваат истрагите и како ги спроведуваме неопходните реформи и чекори кои што се наша обврска како Влада.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Солун е со тебе Кочани“ – 60-минутен молк за 59-те жртви и за возачот на брзата помош
Следна Статија Гордан Георгиев: Или сега или никогаш – Македонија мора да се промени длабоко одвнатре

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Американски џамбо авион „БОИНГ 747“ слета на Скопскиот аеродром

Транспортен џамбо авион од типот „боинг 747“ на американската компанија „Атлас ер“ утринава слета на Скопскиот аеродром. Долета од воената…

December 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никогаш нема да попуштаме кога се во прашање интересите за нашиот македонски идентитет и нашата држава Македонија

„Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Димова: И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат корист да бидам осудена

Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари, а од друга страна сум обвинета затоа што не сум се…

September 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денеска изменет сообраќаен режим на мостот „Влајко“

Општина Карпош ја информира јавноста дека од денеска со почеток во 07:30 часот ќе започнат работните активности за статичко испитување…

July 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?