Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: Додека вие зборувавте со пранкери, нашата дипломатија преку премиерот Мицкоски сега е присутна на најголемите настани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: Додека вие зборувавте со пранкери, нашата дипломатија преку премиерот Мицкоски сега е присутна на најголемите настани
ПОЛИТИКА

Митева: Додека вие зборувавте со пранкери, нашата дипломатија преку премиерот Мицкоски сега е присутна на најголемите настани

Објавено February 28, 2025 10:20
Сподели
Сподели

На синоќешната емисија во „24 анализа“ на ТВ24, гостуваше портпаролот на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа говореше за надворешната политика на Владата, позициите на Владата и односот кој го имаме со нашите стратешки партнери САД и за тоа дека работите што се случуваат во дипломатијата и сите чекори што ги преземаат и премиерот и министрите за продлабочување на нашите преговори со ЕУ и САД, не се работи коишто можат да се направат од денес за утре, туку дека треба време.

Митева истакна дека лошите надворешни политики кои ги воделе СДС и ДУИ, изминатите години, ќе треба повеќе време да се средуваат проблемите што се наталожувале. Таа истакна дека Македонија нема повеќе да води политика како до сега и дека нема да се преземаат чекори кои ќе и наштетат на државата.

„Ќе имаме една конзистентна линија, јас верувам во една дипломатија со интегритет за којашто континуирано зборувавме, дека ќе се претставуваме во најдобро можно светло. И јас не можам да си поверувам дека вие сте политичка партија на којашто ви пречи посетата на претседателот на Владата во САД, а бевте политичка партија којашто имаше премиер којшто зборуваше со пранкери, јас никогаш тоа не можам да го разберам“, потенцираше Митева.

Митева го истакна фактот дека СДС се служи со лаги и манипулации, наместо да честита на успесите на Владата за продлабочување на соработките со ЕУ и САД. Таа додаде дека Македонија добива континуирана поддршка од земјите членки на ЕУ, за како што рече таа, говорејќи ја вистината и презентирајќи ја македонската приказна.

„Континуирано добиваме конкретни поддршки, кога ја презентираме вистината за тоа што сме направиле, како сме направиле, како сме стигнале до таму и дека навистина бараме да се почитуваат европските вредност, во однос на сите тие состојби, како Македонија ја добиваме таа поддршка“, заклучи Митева.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пример за едноставност и нормалност: Мицкоски со комерцијален лет отпатува за Истанбул, шпанскиот амбасадор воодушевен од скромноста на премиерот
Следна Статија (Видео) Трамп го прекина Стармер на прес-конференција: „Доста е“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: БРТ и градски воз – проекти за решање на јавниот превоз и сообраќајниот хаос во Скопје

Kандидатот за градоначалник на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во дебатната емисија „Само Вистина“ на Канал…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски до ДУИ: Добро е што веќе не се занимавате со ретро политики, но лошо е што не ја владеете енергетиката

Добро е што Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе од ретро политиките на политичарите од пред неколку децении и почнаа…

March 25, 2026
ПОЛИТИКА

Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за истрагата за трагедијата во Кочани

На денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците не помина иницијативата на Европскиот фронт за одржување надзорна…

April 15, 2025
ПОЛИТИКА

Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра од Владата, соопшти СДСМ

Опозициската СДСМ денеска соопшти дека фирма со само тројца вработени за два месеци добила тендери од Владата од 74 милиони…

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?