Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали
ПОЛИТИКА

Митева: СДС и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

Објавено September 15, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Гледам денеска Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика – кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува ставот на Марија Митева.

Во продолжение реакцијата

Прво, да расчистиме една основна работа. Евакуацијата е процедура што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се создава наратив за наводна хаотична или недоволна реакција – тоа е ништо друго освен свесно ширење паника.

Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека токму Филипче, човекот кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем од провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности денес да зборува за морал и да бара оставки. Тоа е навреда за колективната меморија на граѓаните.

Понатаму, апсолутно е невидена хипокризија партијата која повеќе од седум години имаше апсолутна контрола врз секторот за животна средина, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца за која зборуваат е издадена во 2021 година. Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен ниту заборавен.

Одговорот е јасен, немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку спинови да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.

Како опозиција се обидуваат да одржат политичката релевантност единствено преку создавање лажни скандали и конфузија. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап го дефинирам како деструктивен и опасен, затоа што не им штети на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Со нетрпение чекам да ја поднесат резолуцијата за црвените линии со Бугарија, ќе имаме наши позиции
Следна Статија Гиновска: Има надминување на дозволените вредности на гасовите во воздухот од пожарот во Трубарево, а за присуството на тешки метали ќе се знае во петок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Николоски -Лазар: Брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Изградба на брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта, односно поврзување на Македонија преку брза…

September 27, 2024
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Ако изгубиме на локални, веднаш свикуваме предвремени, ама ако изгуби опозицијата…

На локалните избори ќе видиме каков ќе биде резултатот на опозицијата и ако биде добар, а ние како Влада бидеме…

November 20, 2024
ПОЛИТИКА

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

За нас е неприфатливо да седиме во иста влада со субјект кој се договара со нереформирано ДУИ. Движењето ЗНАМ и…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Декласификација на документите за прислушкувањето е единствениот начин за расчистување на случајот

Претседателот на СДСМ Венко Филипче повикува на декласификација на документацијата поврзана со прислушкувањето бидејќи, според него, тоа е единствениот начин…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?