Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Левица директно и помага на ДУИ – немаат кандидат во Велес, но имаат во Струга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Левица директно и помага на ДУИ – немаат кандидат во Велес, но имаат во Струга
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Левица директно и помага на ДУИ – немаат кандидат во Велес, но имаат во Струга

Објавено September 15, 2025 22:33
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител ТВ коментирајќи ги кандидатурите за градоначалници на Левица во Тетово Гостивар и Струга, истакна дека тоа се прави за да се направи дисипација на анти-ДУИ гласовите и да се фрли гума за спасување на ДУИ.

„Тоа е уште еден начин да се фрли гума за спасување на Али Ахмети и на ДУИ. Зошто? Еве ќе дадам еден многу едноставен пример за да може секој да го разбере. Ако тие навистина се натпреваруваат да победат, а таму немаат ниту теоретски шанси да победат, во Тетово, во Гостивар и во Струга, зошто не извадат свој кандидат, еве да речеме во Велес? Зошто не извадат свој кандидат во Штип? Од таму доаѓаат највлијателните членови на раководството на политичката партија, каде што имаат реални шанси да се натпреваруваат и да добијат. Зошто токму во Тетово? Зошто токму во Гостивар и во Струга каде што ниту тетовци, ниту гостиварци ниту стружани ќе гласаат за партија којашто се нарекува ДУИ. Што е нивната цел? Нивната цел е да направат дисипација во анти-ДУИ гласовите. Тоа е суштината. За да ја намалат силата на анти-ДУИ гласовите, за да може ДУИ во првиот круг да исплива на површина“, истакна Мицкоски.

Тој исто така потенцираше дека оваа игра ќе биде препознаена од граѓаните и Левица нема да ја постигне таа цел.

„Тоа ќе го препознаат граѓаните и веќе го препознаваат, дека нашата цел на овие избори е она развластено ДУИ да биде поразено и засекогаш испратено надвор од политичката сцена во Македонија. Тоа е суштината на овие избори. И мора да биде поразено, но ги имаме овие од Левица коишто се обидуваат да му помогнат на ДУИ и фрлаат гума за спасување.“, потенцираше Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Состојбата во Трубарево е под целосна контрола
Следна Статија По неколкумесечна борба, Сојузот на стопански комори доби нов претседател

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче предложи концепт за нов општествен и политички дијалог: Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција предложи концепт за нов општествен и политички дијалог. По трагедијата во Кочани,…

April 2, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави јавен линч кон Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е цел на јавен линч и постојаната црна кампања со лаги и измислици од еден…

January 18, 2026
ПОЛИТИКА

Кузеска: Лекот „фостер“ поскапе, а бесплатниот го нема во аптеките

Владата ги изигра и излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка…

July 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

„Додека сум јас премиер, ниту еден бегалски шатор нема да никне во Македонија“, дециден Мицкоски

„Ги гледам овие салта и гимнастики кои ги прави опозицијата. Не само што не е вистина, туку за мене претставува…

December 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?