Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Митески: Наследивме општина која беше во хаос, сега се градат основни училишта, детска градинка, како и спортски сали
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Митески: Наследивме општина која беше во хаос, сега се градат основни училишта, детска градинка, како и спортски сали
МАКЕДОНИЈА

Митески: Наследивме општина која беше во хаос, сега се градат основни училишта, детска градинка, како и спортски сали

Објавено August 23, 2025 14:28
Сподели
Сподели

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, кој истакна дека пред четири години општина Аеродром била општина со 0 транспарентност, максимална затвореност, тешка пристапност од страна на граѓаните и општина која не работела во интерес на граѓаните.

„Ние пред 4 години наследивме една општина којашто имаше 0 транспарентност, општина којашто не работеше во интерес на граѓаните, беше максимално затворена и граѓаните имаа тешка пристапност. После само четири години, последниот извештај на ЦЕА во однос на транспарентноста не рангира на второ место во Македонија, со максимален број на поени, што покажува дека многу сме работеле во таа насока на транспарентност и отвореност кон граѓаните“, рече Митески.

Митески објасни дека општината била предмет на урбан хаос, но сега статистичките податоци покажуваат дека одобренијата за градење се значително намалени.

„Пред четири години наследивме една општина којашто беше предмет на урбан хаос, во општина во којашто имавме повеќе кранови за згради отколку насадени дрвја, и тоа е нешто на коешто посветивме максимално внимание како општина како институција да воведеме ред во тој урбан хаос. Статистичките податоци покажуваат дека во овој мандат споредбено со претходниот мандат бројот на издадени одобренија за градење, за нови станови за 86% намален, тоа значи многу помалку станови и многу повеќе вложување во инфраструктурата“, објасни Митески.

Градоначалникот истакна дека во Аеродром во исто време се градат основни училишта, детска градинка како и спортски сали.

„Во изминатава година во Аеродром за прв пат во исто време се градат и основни училишта и детска градинка и спортска сала, нешто што досега не се случило 20 години откако постои општината, заедно со мојот тим градиме проекти коишто не се само железо и бетон проекти коишто не се само хартија, туку проекти коишто ќе значат насмевки, коишто ќе значат радост, проекти од коишто ќе извадиме утре идни спортисти, вложуваме во спортска инфраструктура, во изминативе четири години работевме апсолутно во интерес на граѓаните во решавање на проблемите“, дециден е Митески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Директорот на Царина, Бобан Николовски: преку координирана соработка со АХВ, делуваме за фер пазар и спречување царински измами со храна
Следна Статија Семејна драма во Битола: Со нож го нападнал шурата, па ја претепал сопругата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната затвор затоа што има скршени четири ребра

Горан Ангелов-Ќосето, осуден за „27 април“, доби прекин на казната од два месеци. Ваквата одлука доаѓа откако претходно судот го…

February 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Охрид подготвен за Водици – Голем број гости се дојдени во градот

Градот Охрид е подготвен за годинешното издание на Богојавленскиот водосвет – чествувањето на првославниот празник Богојавление – Водици со осветувањето…

January 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието

Уставниот суд го одби барањето на лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев поднесено против поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, кој,…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?