Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Михаилов: Дрвосечачи седат во канцеларии, а кубуриме со стручен кадар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Михаилов: Дрвосечачи седат во канцеларии, а кубуриме со стручен кадар
МАКЕДОНИЈА

Михаилов: Дрвосечачи седат во канцеларии, а кубуриме со стручен кадар

Објавено August 17, 2025 10:17
Сподели
Сподели

Судството е последната алка која ќе мора да застане на браникот на татковината, вели во интервју за РСЕ заменик директорот на Национални шуми, Кирил Михаилов, коментирајќи дека е залудно да се фатат и стотици пиромани и дрвокрадци, кога тие во судска постапка добиваат мали парични или условни казни.

Господине Михаилов, во средина сме на летото, пожарите не запираат. Можете ли да кажете со колкав човечки капацитет Национални шуми учествува во гасењето на пожарите?

Ние како јавно претпријатие во моментов сме присутни насекаде каде што ќе се појави каква било потреба од нас. А новитет е она кое што, за разлика од минатото, кога имаше една состојба која што ја затекнавме пред доаѓањето на новата власт, нашите вработени не одеа ниту на шумските пожари, затоа што истите беа без соодветна опрема, немаа плата земено, без придонеси. За разлика од тогаш, сега нашите вработени ги гледате буквално на сите пожари, вклучително и на оние коишто не се наша обврска.

Значи ние во моментов секако онаму каде што ќе биде побарано помош од нас, се појавуваме. Значи класичен шумски пожар е една работа, меѓутоа оние пожари коишто отпочнуваат и на површини коишто не се шуми, се мисли пред се на полски површини, пасишта, приватни шуми, па и одредени депонии, урбан пожар како што беше пожарот во Софилар во Струмица, таму и нашите вработени беа рамо до рамо со пожарникарите од територијалните противпожарни единици и оние коишто се од доброволните противпожарни друштва.

Имате ли пресек во досегашниот дел од летово колкава површина e изгорено и колкава е штетата која што е нанесена на шумскиот фонд?

Она кое што морам да го потенцирам е дека во однос на минатата година, оваа година е далеку подобра во смисла во однос на површините коишто се зафатени со пожари. Она кое што го имам како конкретен податок е од Нова година до крајот на јуни, значи пред почетокот на јули, ние имаме некаде околу 50-тина пожари во коишто беше зафатена релативно многу мала пред се површина, а секако сразмерно на тоа и штетата по однос на нашиот дрвен фонд е мала.

Меѓутоа, месецот јули веќе имаме една нова состојба во која имавме преку 550 пожари на отворено зборам, а од тие се продуцирани некаде над 50-тина шумски пожари. Што значи ако од почетокот на годината за шест месеци имаме 50-тина, ние само во месец јули ја имаме истата таа бројка.

Кај нас пожарите можат да зафатат површини коишто се голи, пред се зафатени само со трева, површини на коишто имаме многу слаба деградирана дрвна маса и површини на коишто имаме високо квалитет на шума.

Во моментов сè уште се прават анализите за оние најголеми пожари коишто беа во месец јули. Пред се се мисли на пожарите во Николиќ, т.е. во општина Дојран, којшто дојдоа до границата со општина Валандово. Пожарот на Готен, којшто до овој момент е еден од најголемите и истиот за жал зафати површини од три општини.

Меѓутоа во однос на финансиската конструкција во овој момент не би можел да дискутирам. Можам да кажам само дека некаде околу 9000 хектари вкупно беа зафатени, вклучително и во месец јули, онаа окуларна пресметка која што јас ја направив, затоа што бев на повеќето од тие пожари присутен лично.

Неодамна изјавивте дека сериозно се сомневате дека дел од пожарите се подметнати. На што се должи тоа тврдење?

Вака сега, 550 пожари во еден месец е бројка која што фрапира. Никој не може ниту мене, ниту било кој од граѓаните на Република Македонија да ги убеди дека сето тоа е случајност. Од 1 јули до 24 јули има поднесено од страна на МВР 19 кривични пријави за условно кажано пиромани или луѓе коишто на некој начин поднеле подметнале пожар.

Дали тој бил намерно или ненамерно, сепак биле учесници во некакво отпочнување на пожар. Преку 27 лица беа притворени конкретно поврзано со пожарите. Значи нема поголем показател од ова. Знаете каква бројка е оваа? Јас правев анализа од 2014 година до 2024 година во Република Македонија има поднесено само 15 кривични пријави за 10 години по однос на пожарите и нивното настанување. А ние во еден месец МВР поднела 19 кривични пријави.

Имаше и обвинувања дека дел од пожарите во земјата се политички мотивирани…

Има јавно достапни информации дека беше притворен еден член на ДУИ, мислам дека беше, а во Струмица беше фатен на лице место телохранителот на бившиот премиер Зоран Заев.

Сето тоа укажува дека можеби и дел од пожарите се политички мотивирани. А јас гледам и една друга ситуација овде која што за мене лично е навистина ме тера да размислувам во таа насока. Еве конкретно пожарот на Готен со тој пожар се боревме 13 дена, за девет, 10 дена ги решивме Василево и Радовиш, остана уште три дена коишто го решија делот кракот со Берово. За тие први 10 дена додека се боревме буквално на трите фронта, неколку дена на територијата на општина Струмица ни се појавија пожари на различни локации во исто место, т.е. во исто време.

Повеќе на РСЕ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Научници направија прва снимка од имплантација на човечки ембрион во матка
Следна Статија Украински снајперист собори светски рекорд: Уби двајца руски војници со еден куршум од далечина од 4 км (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мизрахи: Новиот кадар во образованието е неопходен за подобри ефекти во создавањето на нови образовани и компетентни професионалци

На денешната трибина „Подобрување на образованието“, пратеничката Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека реформите во образованието мора да…

January 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Aлбански интелектуалци испратија отворено писмо до Уставниот суд

Над 250 албански интелектуалци, универзитетски професори ,денеска испратија отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не ја укинува…

December 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?