Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови
ПОЛИТИКА

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови

Објавено December 14, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Имајќи ја во предвид чувствителноста на прашањата поврзани со безбедноста, миграцијата и јавната стабилност, како и појавата на лажните информации, манипулации и дезинформации кои опозицијата ги изнесува во медиумскиот простор, ја свикавме оваа прес-конференција за да ја претставиме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, рече на денешната прес-конференција пратеникот Никола Мицевски.

Во изминатите денови, јавноста беше сведок на организирана и координирана кампања од страна на опозицијата, којашто влеваше несигурност и паника помеѓу граѓаните. Овие лажни сценарија ги нема во владините политики, напротив, ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи. ВМРО-ДПМНЕ јавно ги осудува политиките и одлуките на поранешната влада на Зоран Заев, со којашто беа отворени можности за создавање на кампови за мигранти, спротивно на националните и државни интереси. Дозволете накратко, да ја претставиме Резолуцијата. Таа е составена од 9 точки, и во неа стои дека се осудуваат дезинформациите за наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови, се потврдува дека такви политики не постојат ниту ќе постојат, се поништуваат сите претходни аранжмани на владата на Заев поврзани со мигрантски кампови и се повикува на одговорен јасен говор, заштита на безбедноста, стабилноста и меѓуетничките односи. Исто така, се констатира дека свесното ширење дезинформации ќе биде санкционирано согласно важечките закони. Резолуцијата воспоставува јасна државна политика против нелегалната миграција и стапува во сила веднаш по нејзиното изгласување, истакна Мицевски.

Во таа насока, оваа Резолуција на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложиме во Собранието на Република Македонија и од таа причина ги покануваме сите парламентарни партии заедно да ја поддржат, додаде Мицевски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Федералните резерви обезбедија независност со едногласно гласање
Следна Статија Стив Виткоф ќе се сретне со Володимир Зеленски за преговори за војната во Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Сакаат да ја укинат техничката влада за да не влезат опозициски министри и да го откријат криминалот

Секој обид за укинување на техничката влада во вакви услови е директен напад на демократијата и слободните избори, смета СДСМ.…

January 10, 2026
ПОЛИТИКА

Либералите бараат воведување на електронска нараквица за насилниците: „Трагедијата на Росица да биде последна“

Либерално-демократската партија предлага воведување на електронска нараквица за насилниците, по двојното убиство во Велес, кога Илија – поранешниот партнер на…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго…

November 2, 2024
ПОЛИТИКА

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Таравари ќе биде во владата уште некој ден, рече градоначалникот на Тетово, Билал Касами. Според него, во наредните денови ќе…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?