Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата

Објавено May 4, 2025 13:26
Сподели
Сподели

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи, и програмски и кадровски во неговата партија и со нови ликови, нова програма ќе излезе пред македонските граѓани да ја бара довербата, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски упати и совет до Ахмети, да не живее во минатото, туку да гледа во иднината.

Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски информира и дека најверојатно утре ќе има средба со  Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуална соработка со ДУИ на локални избори.

Го слушнав тој брифинг на Ахмети и врз основа на тоа можам да излечам два заклучока, првиот е да дадам еден совет, да гледаме во иднината, а не во минатото. За жал, господинот Ахмети изгледа се уште живее во минатото зашто ако живее во сегашноста, ќе може да направи огромна материјална разлика меѓу минатото и луѓето од минатото и сегашноста во која тој е во опозиција, а околу него има многу милионери кои на грбот на македонските граѓани се збогатија и тоа е основната причина зашто е тој во опозиција, истакна Мицкоски.

За помалку од пет месеци, потсети, ќе почне кампања за локалните избори.

Граѓаните ќе кажат која политичка партија ја заслужува довербата, а која не, кои градоначалници и кои советници, па врз основа на тие резултати понатаму може да носиме заклучоци дали ќе има предвремени избори или не, нагласи премиерот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Царинска управа: Во април наплатени 190,4 милиони евра, за речиси 13 милиони евра повеќе од лани
Следна Статија Филипче за најавените протести на ДУИ: Правото на протест е загарантирано, но не смее да се злоупотребува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди тврди дека Груевски побегнал во Унгарија со автомобилот на Ахмети

Бујар Османи се сретнал со Груевски во Будимпешта, доказите наскоро ќе излезат во јавноста. Бујар Османи не само што бил…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓоргиевски за сообраќајниот хаос во Скопје: Имам јасна визија и план како чекор по чекор да се најде излез од оваа катастрофална состојба

Сообраќајниот хаос е проблем кој скопјани секојдневно го чувствуваат, од долгите колони и изгубеното време, до недостигот на паркинг и…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Деспотовски: Со актуелното раководство на СДСМ не можеме да се надеваме на добар резултат на избори

По катастрофалниот пораз во мај, СДСМ не може да се надева на поразличен резултат во моментов. Барањето за предвремени парламентарни…

November 11, 2024
ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците се недоволно застапени во неколку клучни институции

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост во врска со најновите извештаи за недоволната застапеност на Албанците на одлучувачки позиции…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?