Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата

Објавено February 26, 2025 21:22
Сподели
Сподели

Али Ахмети има редовна комуникација со Груби и го советувам да се врати во земјава и да се соочи со правдата, порача премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето кога Артан Груби ќе се врати во земјава поставени при неговото гостување во вестите на ТВ Алсат.

-Кога ќе се врати Груби не знам, колку што успеав да го слушнам Меџити, тој кажа дека Ахмети има редовна комуникација со Груби и можеби тој треба да даде одговор кога ќе се врати. Јас би сакал да се врати уште денеска, затоа што единствениот начин да одговори на сите прашања е да биде тука присутен и да даде одговор, потенцираше Мицкоски.

Во однос на најавите од пред неколку месеци за обид за дестабилизација во земјава од страна на ДУИ и зошто сега нема такви изјави, Мицкоски рече дека обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат и додаде дека земјава е стабилна како никогаш досега.

-Обид за дестабилизација не значи и дека ќе успеат во тоа и дека ќе бидеме нестабилна држава. Како што гледате девет месеци не само што сме стабилна држава, туку и на меѓународен план постигнуваме такви пријателства и такви сојузништва што се незапаметени во независна Македонија, нагласи Мицкоски.

За можна соработка со ДУИ, премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен од соработката со коалицијата ВРЕДИ и односите во владината коалиција се кохезивни, цврсти, а, како што рече, цел на коалицијата е подобро утре за граѓаните и државата.

-Така работиме и ќе продолжиме да работиме, потенцираше Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку помош доби Украина и дали нејзините ресурси можат да ја покријат?
Следна Статија Член на Десна разговарал со Палчо на денот кога била убиена Вања на Телеграм, ама комуникацијата веднаш се избришала

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денеска во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на…

September 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Државата обезбеди авиокарти и сместување за најблиските членови од семејствата на повредените, но помошта не застанува тука

Одма, веднаш на првата владина седница донесовме одлука дека ќе издвоиме почетни 30 милиони денари за да се помогне на…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос…

June 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врак со смртта на бремената жена и…

October 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?