Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе
МАКЕДОНИЈА

Стејт департмент: Македонија се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

Објавено September 30, 2025 11:56
Сподели
Сподели

Властите на Македонија вложуваат значителни напори, но земјата се уште не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Владата покажа генерално зголемени напори во споредба со претходниот период на известување, затоа  Македонија остана на Ниво 2, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот за 2025 година.

– Овие напори вклучуваа истрага на повеќе сомнителни случаи на трговија со луѓе и гонење на повеќе обвинети. Владата ги зголеми целокупните напори за заштита, вклучително и идентификување на повеќе жртви, развивање нови стандардни оперативни процедури за мобилни тимови и зголемување на ресурсите за засолниште управувано од невладини организации за жртви на трговија со луѓе. Доделени се средства за фондот за компензација на жртвите, формирана е комисија за судење на случаи и воспоставена е група составена од преживеани за давање препораки за напорите против трговијата со луѓе, се посочува во извештајот.

Сепак, како што се наведува, не се исполните минималните стандарди во неколку клучни области.

– Осудени се помалку трговци со луѓе, а Обвинителство за организиран криминал и корупција (ООККП) немаше доволно ресурси за да ги реши сите случаи под негова надлежност. Некои локални полициски и окружни обвинители не ги упатија потенцијалните случаи на трговија со луѓе до Работната група за борба против трговијата со луѓе или ООККП и користеа обвиненија за прекршоци со поблаги казни за гонење на трговците со луѓе. Владата не издвои средства за мобилни тимови кои ги идентификуваат повеќето потенцијални жртви секоја година, и покрај претходните обврски за тоа. Не е обезбедена специјализирана помош за машките жртви и немаше долгорочни услуги за поддршка за сите жртви. Поради недоследно скринирање од страна на локалната полиција и некои гранични служебници, властите не презедоа ефикасни мерки за да спречи несоодветно казнување на потенцијалните жртви за незаконски дела извршени како директен резултат на трговијата со луѓе. Продолжува и сместувањето на странски потенцијални жртви во транзитниот центар без слобода на движење, стои во извештајот на Стејт департментот.

Во него се посочени и препораки за земјава за подобрување на состојбата, меѓу кои, енергично истражување, гонење и процесуирање на кривичните дела поврзани со трговија со луѓе, вклучително и оние во кои има соучесници, изрекување соодветни казни за осудените трговци со луѓе, што треба да вклучува и значителни затворски казни.

– Потребно е да бидат издвоени доволно ресурси за заштита на жртвите, вклучително и за мобилните тимови за идентификација, за засолништето за жртви на трговија со луѓе и за поддршка на специјализирани услуги за возрасни машки жртви. Да се зголемат напорите за проактивно идентификување на жртвите на трговија со луѓе преку конзистентно скрининг за трговија со луѓе кај ранливите популации, вклучувајќи ги лицата во комерцијален секс, мигрантите, бегалците и другите популации изложени на ризик. Да се дадат доволно ресурси на полицијата и обвинителите за проактивно истражување на трговијата со луѓе и навремено гонење на случаите. Да се обезбеди жртвите да не бидат несоодветно казнувани само за незаконски дела извршени како резултат на трговијата со луѓе, стои во препораките.

Се препорачува и подобро и побезбедно сместување за потенцијалните странски жртви на трговија со луѓе и дозволување на жртвите да ги напуштат засолништата по своја волја, воспоставување пристап до алтернативно сместување на жртвите по напуштањето на засолништето или кога засолништето е полно.

– Потребно е и воспоставување механизми за да се обезбеди дека сите потенцијални случаи на трговија со луѓе се упатуваат до специјализирана полиција и обвинители. Да се воспостави специјализирана обука за судии, обвинители и органите за спроведување на законот за истраги и гонења фокусирани на жртвите, како и да му се даде овластување на националниот известувач за успешно следење и евалуација на напорите против трговијата со луѓе, се вели во извештајот на Стејт департмент за трговијата со луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Никол Кидман и Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак
Следна Статија Стејт Департмент: Суспендирањето на Стратешкиот дијалог со Косово нема никаква врска со Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје поскапе за 10%

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот најави линеарно зголемување на пензиите – еве колку ќе се „опарат“ пензионерите наесен

Премиерот Христијан Мицкоски најави двојно линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари, првото оваа есен, а второто напролет, како дел…

July 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во „Димо Хаџи Димов“ е исправна, соопштија од Водовод

Водата во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопски Карпош е санитарно исправна и може непречено да се употребува, покажаа…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до испад на 110 киловолтната преносна мрежа,информираа од МЕПСО

Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин се…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?