Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ајде со Бугарија да поднесеме резолуција до ЕП каде се гарантира македонскиот идентитет и јазик

Објавено July 17, 2025 23:03
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, вечерва во „Само интервју“ на Телевизија Канал 5, зборувајќи за односот на Бугарија кон нашата евроинтеграција кажа дека барањето на Бугарија не се само Бугарите во Устав, и дека тоа е само почеток, а не како што говори и СДСМ дека потоа не чека отворен пат.

„Ајде да направиме велам еден обид, а тој обид е Европскиот парламент со мнозинство гласови да донесе одлука со која што или резолуција, или ќе биде дел од извештај со која што јасно ќе се признае македонскиот идентитет и јазик како посебен“, рече Мицкоски и додаде:

„И тоа се случи во рамките на извештајот на известувачот Вајц. Пред да помине на АФЕТ имаше една друга сагра. Тогаш беше потребно не да се избрише од извештајот, туку да се избрише „сегашен“. Потоа дојде „модерен“ од одредена група на европратеници.“

Мицкоски истакна дека одредени политички фигури во Бугарија јасно кажуваат дека уставни измени не се единствената пречка на патот на Македонија кон ЕУ.

„Она што можеше да го види Европа и светот е дека не е само промената на Уставот единственото нешто коешто треба да го направиме за да продолжиме. Впрочем, многу влијателни политички фигури во Бугарија тоа го кажуваат“, вели Мицкоски.

Според него, изјавата на Радев во која тој вели дека единствениот услов се уставните измени не е точна, бидејќи и во Договорот за добрососедство нема никаков услов, а сега де факто имаме.

„Пред некој ден слушнав изјава од претседателот Радев во која што вели единствениот услов којшто треба да го направи Македонија е да го смени Уставот. Ние во Договорот за добрососедството немавме никаков услов. Потпишан договор во којшто Бугарија треба да не поддржува во рамките на процесот на преговори и членство. Па добивме вето, затоа што ние не сме го исполнувале договорот и не сме ги испорачале малцинските права на бугарската заедница во Македонија“, истакна премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата и Македонски Телеком потпишаа Меморандум за разбирање – до 2028 година Телеком ќе инвестира 40 милиони евра во инфраструктура и дигитална трансформација
Следна Статија Доктори од ГАК присуствуваа на напредна обука во Солун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Во периодот кој следи ќе се проверуваат и други објекти, а во врска со акцијата за заплена на огромна количина…

February 10, 2026
МАКЕДОНИЈА

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса

Резултатите се јасни, Анел Фидоски доби седум гласа „за“ и ние ќе го поддржиме, истакна претседателот на Советот на јавните…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Врвни експерти од Велика Британија ќе ни помагаат во реализација на проектите

Реализацијата на проектите ќе биде подржана од врвни експерти од Обединетото Кралство кои ќе осигураат квалитетната и навремена реализација на…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Наумоф: Македонците од дијаспората мораме да бидеме обединети, инвестирајте по примерот на Крис Павлоски

Џери Наумоф, поранешниот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, е добитник на специјалното признание „Македонско наследство во јавната служба“,…

September 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?