Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
МАКЕДОНИЈА

Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка

Објавено December 1, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови. Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во остантите делови од државата врнежите се од дожд. 

Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека задолжително користење на зимска опрема (ланци) е потребна на патниот правец Тетово-Попова Шапка, а забрана за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово. 

Од 07:50 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Пресека.

Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Во западните и јужните делови ќе бидат пообилни каде ќе наврнат над 30 l/m2. На планините и на повисоките места, претежно во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Најмногу снег има наврнато во Маврови Анови (61 сантиметар), а снег има и во Крушево, Попова Шапка, Дебар, Претор, Берово и Битола. Најмногу дожд во последните 24 часа има наврнато во Демир Капија (127 литри на метар квадратен). 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Семејство со две деца заглавено со возило пред хотел Радика, снежната покривка е околу 80 сантиметри
Следна Статија Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Порасна водостојот на Преспанското Езеро, Охридското и Дојранското во мирување

Најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) покажуваат дека водостојот на Преспанското Езеро е зголемен за три сантиметри во…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска: Сончево и ветровито со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се расипа единствениот исправен радар во контролата на летање на Скопскиот аеродром

Расипан е единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонскара навигација (М-НАВ) на скопскиот аеродром, објави порталот „СДК.мк“. Тоа значи дека…

September 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

January 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?