Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Љупчо Коцевски е одговорен за неактивноста на ЈО, само обвинители бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во матните набавки на СДС и ДУИ

Објавено December 1, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Шест месеци јавното обвинителство е во зимски сон. Шест месеци нема ниту едно покренато обвинение за ниту еден случај на сериозен криминал и корупција за репрезенти од СДС и ДУИ кои со години ги ограбуваа институциите.

Ова на денешната прес-конференција го изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Нагласи дека иако во јавноста преку медиумите излегле мноштво докази, ЈО не мрднало со прст, а институтот отворање на предмет по допрен глас очигледно е мисловна категорија.

-Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, наместо да почне да ја работи работата за која е платен продолжува со оправдувања. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за неработата на обвинителите под него. Само тој и обвинителите бирани во Струмица и Зајас може да не постапуваат по наводите за криминал во РЕК Битола, ЕСМ, МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Државна Лотарија, ЈПДП, Министерството за здравство и другите институции за кои дури и медиумите изнесоа голем број сознанија за милионски криминали. Само Љупчо Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас не гледаат криминал во Онкологија, набавките на мазут, јаглен и гас, нивите купувани долж трасата за автопатот Скопје – Блаце, вели Петрушевски.

Пратеникот додава дека оваа летаргичност која ја гледа од ЈО и нивната закрила за политичките криминалци од СДС и ДУИ е причина за недовербата на граѓаните во правосудството.

-ЈО на чело со Љупчо Коцевски наместо да го санкционира криминалот функционира како негов чадор, тоа мора да се промени. ЈО да почне да си ја работи работата. Граѓаните очекуваат правда и владеење на право, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Забрана за товарни возила на Стража, Ѓавато и Маврово, задолжителна зимска опрема на патот Тетово-Попова Шапка
Следна Статија РКЕ утре ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од јануари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Ковачевски: Ставањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав се побива бугарската теза дека се работи за еден народ во две држави

Експремиерот, Димитар Ковачевски денеска во „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека францускиот предлог во кој стои влегување на бугарското малцинство…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Цело раководство на СДСМ си поднесе оставка

Раководството на СДСМ, заедно со членовите на Извршниот одбор, вчера вечерта поднесоа оставки на предлог на партискиот лидер Венко Филипче.…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?