Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Венко и Стевчо тајно во седиштето на СДСМ премерувале како да обезбедат 2.000 гласа за Јакимовски од СДСМ

Објавено October 9, 2025 08:45
Сподели
Сподели

На вчерашниот митинг во Карпош во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека Венко Филипче и градоначалникот Стевчо Јакимовски се дел од системот кој ќе го променат, а Сотир Лукровски убедливо води на анкетите во Карпош.

Мицкоски се осврна на политичките пазарења од страна на актуелниот градоначалник на Карпош и претседателот на СДСМ и им порача дека со гласовите на народот не може да се пазарат и дека тие тајни дилови нема да им поминат.

„Тука сме во Карпош, каде граѓаните се соочуваат со еден феномен на киднапирање на општината за лични интереси и криење зад функцијата зашто без функцијата тој човек е ништо. Но внимавајте има една замка голема која што се обидуваат да ја подготват, а пред неколку дена тајно во седиштето на СДСМ овој кандидатот и актуелен градоначалник во Карпош заедно со претседателот на СДСМ мислеле, премерувале како да обезбедат 2000 гласа за него од СДСМ да ја пуштат нивната кандидатка низ вода, а тој да влезел во вториот круг. Но тука има непознати во оваа равенка. А јас знаете дека сум по равенките и математички прецизно ќе им порачам. Прв проблем, народот не е квантум на гласови, не е тоа вреќа, па ќе купите и ќе претурите, тоа се луѓе со судбини, со иднина, со предизвици, со животи. Тоа се семејства со мечти и амбиции, кои знаат, кои критично гледаат на работите, и оценуваат. Посебно затоа што анкетите се така јасни што дури и од Горни Милановац да донесете гласачи, каде еден познат македонски политичар имал кариера во минатото, повторно нема да им успее.“ истакна Мицкоски

Мицкоски кажа дека над 65 проценти од граѓаните во Карпош се против реизбор на Стевчо Јакимовски, а според последната анкета Сотир Лукровски убедливо победува во првиот круг на овие избори.

„Преку 65 проценти на карпошани велат дека актуелниот градоначалник не заслужува реизбор. А според последната анкета убедлив фаворит за иден градоначалник на општина Карпош е токму Сотир Лукровски и тоа уште во првиот круг. Јас го познавам тој човек многу добро. Сотир е човек чиј живот поминал во борба и низ предизвици полни со егзистенцијални аспекти, и со срце ко планина. Памтете ми го зборот. И ќе видите во периодот кој следи. На него може да се ослоните кога имате проблем, со него може да разговарате и да ве разбере и да ви помогне, за него суетата е туѓа, тој сослушува, знае да одбере одличен тим, и што е најважно знае да испорача резултати, на него може да сметате кога Карпош ќе е во опасност од лоши намери на разни бизнис интереси, но и да знаете дека тој е спремен да оди и против блиски ако неговите принципи се доведени под прашање или ако Карпош и граѓаните не се согласуваат со нешто. Тоа е Сотир Лукровски, чиј најголем проблем оваа кампања му е што бил мој другар. И за кого не може да кажат ништо лошо освен да измислуваат“ кажа Мицкоски.

Мицкоски упати пораки и до кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски.

„Почитуван Сотир, оваа кампања како кандидат за првпат вака одблиску ја гледаш и прљавата страна на политиката. Јас тоа го искусив многу одамна низ еден тежок пат на проблеми и предизвици, во кои и ти беше покрај мене, кога ме нарекуваа со најлоши зборови, кога ми ја саботираа партијата и иднината, кога ми лепеа разни глупости и етикети те хидро, те анти-ЕУ. Го преживеавме тоа и ги победивме. Но сега ти директно го гледаш тоа. Знам дека твоја желба е да ја исчистиш политиката од калта и бахатоста, и во тоа секогаш ќе ја имаш мојата поддршка. Ја знам твојата волја и ја знам твојата мотивација и знам дека ќе успееш. Знам дека заедно ќе успееме. Рамо до рамо, сите како еден со граѓаните на Карпош, каде новата енергија ќе се чувствува од првиот ден, а промените ќе ја вратат надежта и оптимизмот и вербата дека може подобро. Тоа се оние верба и надеж кои се губат низ политичките препирки, но повторно оживуваат низ делата и проектите за добро на граѓаните. Дела кои мора да ги создадеме за граѓаните, и иднина која мора да ја изградиме за сите семејства“ заклучи Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светските лидери му се заблагодаруваат на Трамп за договорот меѓу Хамас и Израел
Следна Статија Филипче до Мицкоски: Или сфати дека си избран да ја водиш државата или да си одиш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пазарниот инспекторат е на терен, нема нарушувања за договореното за „училишната кошничка“

Владата на седница на 5-ти август донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата…

October 4, 2025
ПОЛИТИКА

Марковска Илиевска: Неспроведување на Одлуката на Советот е резултат на самоволието на Арсовска, скопјани да знаат дека виновникот за хаосот на улиците има име и презиме – Арсовска и СДС

Данела Арсовска и СДС вчера беа спречени во обидот да го блокираат и парализираат Скопје, рече на денешната прес-конференција Анета…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

Андреевски: Центар беше најубавото место за живеење, мора да се врати духот на општината

Горан Андреевски, кој јавноста го знае како кошаркарски тренер е носител на советничката листа во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ. Тој…

September 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?