Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски за дивата депонија Вардариште: Она што не е санирано со децении, ние ќе го решиме за една недела

Објавено September 12, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски најави итно решавање на проблемот со дивата депонија Вардариште во Скопје. Изрази и сомнеж и неверица дека пожарите кои се случуваат по депониите се случајни,истакнувајќи ја смптоматичноста што ова се случува во претпријатија каде има кадар на опозициската ДУИ.

-Тоа што со децении не е санирано, тоа за што никој со децении  не водел сметка, ние ќе го решиме за неколку денови, за недела дена ќе го разрешиме. Сочувствувам со секој граѓанин кој е загрижен од сето ова, но чудно е што во одредени претпријатија каде свој кадар има ДУИ се случуваат вакви работи. Чудно е, но ние тоа ќе го истражиме. Ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази  – како може пожар кој беше речиси смирен и ставен под контрола наеднаш така да се распламти, потенцира Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ најави детална истрага на сомнителите случаи со пожарите и најави дека сите виновници за ваквите случаи ќе се најдат пред лицето на правдата.

-Како тоа токму сега кога успешно се справивме со пожарите, во соседните држави имаше жртви, повредени, исселени градови и села, а кај нас сето тоа беше успешно завршено и покрај диверзиите кои ги имавме на почетокот на летото, сега ова да се случува пред локалните избори? Вистинското прашање е  – Кому ова одговара? Со ова ние нема да се занимаваме сега, сега работиме да го решиме проблемот, потоа ќе се заминаваме и со ова. И да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени поред лицето направдата, нагласи Мицкокси на прес-конференцијата посветена на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ пред локалните избори закажани за 19-ти октомври.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа
Следна Статија Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Суштината на овој празник се љубовта и надежта, а тоа е она што нам ни е потребно, нагласи денеска во…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

45.000 евра казна и затворање на погонот на „Екопор“ поради излевањето на хемикалии во Пинтија

Пожарникари и инспектори на Град Скопје излегоа на терен по еколошкиот инцидент со излевањето на хемикалии од приватната компанија „Екопор“…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Потресно сведоштво на херојот Јован: Страшни глетки од „Пулс“ – „Го дадов последниот здив за да спасам живот“

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот…

March 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје денеска и утре посебен сообраќаен режим поради лидерската средба ЕУ – Западен Балкан

Во Скопје денеска и утре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан.…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?