Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа – триумф на народот!

Објавено October 19, 2025 23:30
Сподели
Сподели

„Ветивме победа, имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски.

-Избра луѓе што веруваат во работа, а не во зборови. Но оваа убедлива победа не е крајот, ова е само почеток на новата македонска енергија – мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство. Со поглед право во очи. Со дела наместо со празни ветувања. Граѓаните го препознаа тоа, не заради нас туку заради себе. Поради своите семејства, својата иднина, поради Македонија, порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека секој човек што излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше за вистината дека може подобро, дека чесноста вреди, дека трудот носи резултати.

-Тоа е наша обврска и довербата не е награда, тоа е задача што почнува утре наутро, со секој нов ден, со секое училиште, фабрика, болница што ќе ја направиме. Со секој нов човек кој верува дека овде има смисла да се живее и да се сонува. Оваа победа ја градевме чекор по чекор. Не со ветувања туку со работа, не со спектакли туку со упорност. И затоа таа победа не е само наша, таа е на сите што веруваат дека државата мора да се движи напред, дека општините мора да растат, дека иднината не треба да се чека туку да се создава, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица
Следна Статија (Видео) Ливерпул во криза, Манчестер јунајтед победи на „Енфилд“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Македонија се помалку бракови, се повеќе разводи

Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, а истовремено опаѓа и бројот на новосклучени бракови и раѓања, покажуваат најновите податоци на…

March 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашата посветеност во процесот на евроинтеграции ќе остане и ќе се засили во периодот кој што следи

Денес Скопје е домаќин на една важна посета, присуството на претседателот на Европскиот совет г-динот Кошта, не е само потврда…

May 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден е роден Гоце Делчев: Визионерот на македонската револуционерна борба

Денеска, на 4 февруари, се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал за електронски услуги

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека се достапни две нови услуги на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk,…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?