Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

Објавено March 22, 2026 18:16
Сподели
Сподели

Владата следи дали има зголемување на цените на некој од прехранбените производи во супер маркетите. Во моментов забележано е зголемување на цените на зејтинот и јајцата. Но, Владата има план и нема да дозволи било какви осцилации во цените на прехранбените производи, кои би удриле по животниот стандард на граѓани, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско прашање дали се следи состојбата со зголемување на цените на производите.

Премиерот Мицкоски е дециден дека доколку видат неетичко однесување од страна на ланците супер маркети, но и од страна на снабдувачите и производителите, како Влада ќе ги преземат сите оние мерки, кои што ги имаат на располагање.

Државниот пазарен инспекторат е на терен и од она кое што го гледаме има поскапување кај маслото и кај јајцата. Зборувам за поскапување, кое што е видливо и значајно, кај останатите производи цените во принцип не отстапуваат „визави“ оние кои што се просечни од претходниот период. Така што тој дел е забележано, анализираме. Тоа се правда со зголемени цени на берзи итн. Сега берзи можеби ќе звучи чудно кај јајцата, не е конкретно јајцето берзански производ, туку храната која што носилките ја користат е берзански производ, па тоа имплицира кај самите јајца. Маслото знаете дека е берзански производ. Така што на тој начин се правда тоа зголемување. Ние го следиме, калкулираме и нема да дозволиме било какви осцилации, кои што ќе нанесат штета на стандардот на граѓаните, подвлече Мицкоски.

Тој додаде дека како Влада не се реактивни, туку се активни и така ќе продолжат да се однесуваат.

Ризици има, за жал, ќе ги решаваме. Многу работи не зависат од нас. Но, врз основа на тоа кое што зависи од нас да го антиципираме навремено и да повлекуваме потези, рече Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Ново Нордиск“, производител на Оземпик, отпушта 9.000 луѓе

Данскиот фармацевтски гигант „Ново Нордиск“, производител на популарниот лек за дијабетес и слабеење Оземпик, најави дека ќе отпушти 9.000 вработени,…

September 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во тек се преговори за „Рајанер“ да лета од Скопје

За време на неодамнешната посета на Лондон, македонските власти оствариле важна средба со раководството на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ (Ryanair),…

May 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Деглобализацијата може неповолно да се одрази и на родовата еднаквост

„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска…

April 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?