Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои првпат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид – Кичево

Објавено December 22, 2025 18:47
Сподели
Сподели

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем. Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение – истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, пратеникот Ѓорѓи Сајкоски и градоначалниците од Кичево и Дебрца извршија увид на работите на автопатот Охрид-Кичево.

Ние досега само зборувавме колку е тежок овој проект, но денеска целата македонска јавност може да се увери, дека се работи за најтешкиот инженерски проект, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Се работи буквално на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса и за бројни проекти, кои што за жал 11 години откако почнал да се гради овој автопат не биле решавани. Со изборот на новата Влада, почнаа овие проблеми да се решаваат. Решаваме вкупно 16 косини, од кои што на 14 ќе имаме стабилизација со така наречени галерии, нешто што за прв пат ќе се изведува, не само во Македонија, туку во целиот регион, каде што со армиран бетон се застанува цела планина, нешто што регионот го нема видено, истакна Николоски.

Вицепремиерот Николоски упати благодарност за посветеноста на сите инволвирани работници, изведувачи и инженери, кои работат на изведбата на овие инженерски зафати и како што потенцира, целта на изградбата на автопатот Охрид-Кичево не е само да се заврши, туку да биде и безбеден патен правец кој што ќе се користи во наредните децении.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
Следна Статија Амбасадата на САД потврди дека Агелер си заминува од земјава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство се зголемило за 1, 9 отсто во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1,9 отсто,…

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ ќе достави предлог за минимална плата од 500 евра

Прашањето за зголемувањето на минималната плата останува отворено. Минималната плата треба да се усогласи овој месец и според пресметките, зголемувањето…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Струјата ќе поскапи 0,92 отсто, за сметка од 2300 денари ќе се плаќа 21 денар

Од први јануари струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи ќе поскапи за 0,92 отсто, соопшти денес Регулаторната комисија за…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2.5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?