Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени

Објавено January 4, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра.

– Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не може да се води бизнис – кога само едната страна добива. Тие сакаат да водат бизнис, тие да добиваат, а граѓаните да губат. Во овој случај, неколку ланци на маркети добиваат и бидејќи гледам дека сите наши апели не стигнуваат и се обидуваат да ги видоизменат тие нефер трговски пракси, тоа внимателно го документираме и следиме. Кога ќе бидеме целосно подготвени, а тоа мислам дека ќе биде наскоро, ќе преземеме жестоки мерки, изјави премиерот при денешното пуштање во употреба на градинка во Сопиште.

За тоа дали тие маркети се дел од ланецот за кои беше утврдено дека квартално се здружувале, тој рече дека тоа е случај од минатата власт на СДСМ и ДУИ и дека оваа Влада само го процесуирала.

– Тоа е рецидив од претходната влада на СДСМ и ДУИ, оваа Влада само го процесуираше. Однесувањето на оваа Влада е да има порака на опомена. Гледаме дека тие два-три ланци на маркети не се корегираат и ако не можат да ја препознаат пораката и главен интерес им е профитот на сметка на граѓаните, тогаш како Влада немаме други опции за да ги заштитиме граѓаните, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Добри вести за овие хороскопски знаци
Следна Статија Распродадена е целата колекција: Тренерката што ја носеше Мадуро кога го апсеа стана свeтски хит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Златото прв пат над 3.800 долари

Цената на златото се искачи на рекордни 3.800 долари за унца, а скапоцените метали пораснаа, поттикнати од послабиот долар, бидејќи…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Голем пад на „Тесла“ на два важни пазари, кинескиот бренд процвета

„Тесла“ регистрираше голем пад на продажбата на автомобили во Велика Британија и Германија минатиот месец, додека, пак, кинескиот BYD регистрираше…

August 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?