Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ

Објавено March 18, 2026 18:48
Сподели
Сподели

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Европската народна партија во Брисел.

-„Добар ден од Брисел, ве поздравувам од името на ВМРО-ДПМНЕ, два дена сме овде во Брисел да ја одбележиме 50 годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј што нераскинлив дел претставува и ВМРО-ДПМНЕ, најголемата политичка партија во Македонија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека овие два дена покрај официјалната прослава ќе имаме и Самит на лидери, на претседатели на политички партии, кои се дел од семејството на Европската народна партија, ќе разговараме за економската перспектива на европскиот континент, се разбира ќе разговараме за глобалните предизвици, војната во Украина, војната во заливот, во Иран, но исто така ќе зборуваме и за зголемување на компетитивноста.

-Она коешто претставува наша цел и она кое претставува наш посебен интерес е разговорот околу проширувањето на самата Европска Унија, но и сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски.

Имено, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е со партиска делегација во чиј состав е генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки и членот на Извршниот Комитет Стефан Андоновски. Во следните два дена ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, на којшто се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нема помала казна за Васил Јованов што ја усмрти Фросина на „Партизанска“
Следна Статија Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

„Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели во мај или јуни, за кога се планира реконструкцијата на Владата, ќе се знае дали и…

March 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за пожарот во „Пулс“: Прскалките се активирале „на копче“

Продолжува сослушувањето на сведоците за една од најголемите трагедии во Македонија – пожарот во Кочани. Денешното рочиште откри нови детали…

February 25, 2026
МАКЕДОНИЈА

Казна од 100 евра: од денеска возачки дозволи со новото уставно име, регистарските таблички со ознаката НМК

Од денеска престануваат да важат возачките дозволи со старото име на државата. Парична казна од 100 евра за лицата кои…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?