Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
ЕКОНОМИЈА

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими

Објавено March 18, 2026 15:13
Сподели
Сподели

Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година. Од денеска до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат.

Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 киловати и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври годинава. Вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари, без дополнителна доплата од страна на корисниците.

На веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) објавени се сите детали за потребната документација и постапката за подигнување, како и списокот на компании со кои се склучени договори, од кои граѓаните ќе можат да ги набават инвертер клима уредите користејќи го ваучерот.

– Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка, во која право на поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполниле условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, информира прес-службата на МЕРМС.

Списокот на граѓани кои се стекнале со право, како и списокот на компании, се достапни на веб-страницата на Министерството: https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/rezultati-i-spisoci

Министерството нагласува дека оваа фаза се однесува исклучиво на граѓаните кои веќе аплицирале во 2025 година и претставува финализација на постапката, во рамки на која се доделуваат вкупно 4.070 ваучери.

– Со оваа мерка државата продолжува со конкретна поддршка на ранливите категории граѓани, обезбедувајќи пониски трошоци за енергија и повисока енергетска ефикасност во домаќинствата, информира МЕРМС.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП, ќе разговараме за глобалните предизвици и ќе ставиме акцент на проширувањето на ЕУ
Следна Статија Maкрадули: Партијата не е простор за тивки климања со глава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ:…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот расте на светските девизни пазари

На девизните пазари вредноста на американскиот долар повторно се зголеми во однос на дел од најважните светски валути. Зајакнувањето на…

March 15, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на бензините остануваат исти, дизелот поскапува за еден денар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

January 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата

Владата денеска на пладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок…

March 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?