Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата
ЕКОНОМИЈА

ССМ најавува протести доколку нема зголемување на минималната плата

Објавено March 10, 2025 17:47
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати на Македонија најавува протести во април доколку не се постигне договор за зголемување на платите. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најостро ги осуди политичките напади врз синдикатот и рече дека нема да дозволат работничката класа да се става во подредена положба.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) подаде рака за преговори, но испрати и ултиматум до Владата, повикувајќи на итно зголемување на платите и предупреди дека ССМ нема да биде виновен за протестите доколку не се постигне договор, рече Трендафилов додавајќи дека протестите би се одржале на 2 и 7 април пред Владата.

Потсети дека Владата ги повлекла членовите од Комисијата за утврдување на репрезентативност со цел, како што рече, да имаат изговор да кажат дека платите не треба да се зголемат.

Трендафилов најави дека во наредниот период, седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на ССМ ќе се одржуваат на отворено.

  • Претседателството донесе одлука врз основа на која во наредниот период седниците на Претседателството на Советот и највисоките раководства на органите и телата ќе се одржат на отворено и пред работодавачите и пред Владата како досега што го правевме тоа на претходната влада, имајќи предвид дека во 2022 година токму на таков начин обезбедивме 2.806 денари, рече Трендафилов.

ССМ, како што нагласи, ќе побара поддршка од братските синдикати, од Европската и од Меѓународната конфедерација на синдикати

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти или во објекти за другите министерства
Следна Статија Ова се имињата на 49-те нови судии

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пробиен последниот тунел за изградба на пругата Бељаковце-Крива Паланка

Директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски на својот фејсбук профил објави дека е пробиен и последниот тунел од вкупно…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цените на лебот и пецивата остануваат на исто ниво

Состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и тие не се покачени во 99 отсто во државата,…

April 2, 2026

Бранови на заработка: Tesla, Microsoft, Meta и Apple водат во финансискиот свет

Главните пазарни индекси се над клучните нивоа, додека малите компании достигнаа историски врвови.

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на долгорочно штедење во денари

Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува…

August 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?