Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, никогаш нема да го нарушиме вашето достоинство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, никогаш нема да го нарушиме вашето достоинство
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, никогаш нема да го нарушиме вашето достоинство

Објавено October 24, 2025 19:16
Сподели
Сподели

Како коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаме победа или мнозинство во 58 општини во Македонија. Идниот градоначалник на Град Скопје има предност од 3:1 во однос на неговиот противкандидат. Убедлива победа во Советот на Град Скопје, а после вториот круг очекуваме бројката на гласови за Орце Ѓорѓиевски да биде 125.000-130.000 гласови, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, од митингот во Валандово.

-Кога сето ова ќе се анализира имаме навистина историска поддршка со најточните, најпрецизни кампањи, со јасна порака и јасна визија и дефиниција за тоа што сакаме да го постигнеме во годините кои следат, рече Мицкоски.

Тој од Валандово им се заблагодари на гласачите кои им дадоа поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

-Вреди да се бориме заедно за нашата заедничка татковина Македонија. Во годините кои следат, ќе имаме многу предизвици. Затоа ни е потребна вашата поддршка, тие предизвици ќе бидат исклучително сложени и тешки.Од решавање на проблемите дома, кои почнавме да ги решаваме уште од првиот ден кога бевме избрани како Влада, па точно 16 месеци, но верувајте толку се многу на број што со секојдневно работење по 15-16 часа, не можеме да постигнеме сето она кое се напластило како проблем да го решиме. Одиме чекор по чекор, рече Мицкоски.

Тој порача дека граѓаните се мудри и секогаш во право.

-Граѓаните знаат кој работи за нив, а кој работи против интересите. ВМРО-ДПМНЕ својот легитимитет го добива од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ е народна партија. Никогаш нема да дозволам, додека јас сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го извалкаме вашиот образ, да го нарушиме вашето достоинство и ќе сториме се што е во наша моќ да вратиме за вашата поддршка и добрина која ни ја правите, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Мировниот самит во Будимпешта меѓу Путин и Трамп е сè уште на агендата
Следна Статија Вреди: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Вреди: Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти

Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што…

November 5, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивен спин на опозициските медиуми против историскиот договор со Британија

Потпишувањето на Заедничката декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство претставува историски чин од највисоко државно значење. Тоа е чин…

May 16, 2025
ПОЛИТИКА

Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и…

February 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта?

Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа…

October 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?