Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во април ново линеарно зголемување на пензиите

Објавено January 1, 2026 16:05
Сподели
Сподели

Во текот на денешната работна посета на општина Кавадарци, премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарските прашања се осврна на зголемувањето на пензиите во наредниот период.

-Ќе има повторно линеарно зголемување на пензиите за пензионерите во април, за мартовската пензија. Продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри кои што ги издаде Државниот завод за статистика за нивото на сиромаштија и „џини-коефициентот“, само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите, најпрвин за 2.500 денари кои се случија во ноември за октомвриската пензија во 2024 година, па дополнителните 2.500 денари во април за мартовската пензија, оние 1.000 денари дополнително линеарно зголемување во ноември за октомвриската пензија 2025. Така ќе биде и сега во април за мартовската пензија во 2026, беше категоричен Мицкоски.

Тој посочи дека со ова се сака да се намали стапката на сиромаштија кај оваа група граѓани, а со тоа да се намали и „џини-коефициентот“ кој подразбира нееднаквост во распределбата на доходите кај различни групи на граѓани.

-Во таа насока добро се движиме, што се однесува до „џини-коефициентот“ сме најдобри во регионот и сме над европскиот просек, а борбата против сиромаштијата е една од главните цели на оваа Влада и ќе се движиме и понатака во таа насока, рече премиерот Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кавадарци добива современ затворен базен со спа центар, Мицкоски и Јанчев извршија увид
Следна Статија Новиот градоначалник на Њујорк положи заклетва врз Куранот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија државата изминатите денови предизвикаа значителен пораст на водата во реките во Македонија. Според…

February 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

22 денари за километар, поевтино од такси – прва услуга за користење електрични автомобили, car sharing AVANT2GO

Од денес во Скопје може да се изнајми електричен автомобил за 22 денари за километар додека вози и 5 денари…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Во вестите на ТВ Алсат М, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој се осврна на онлајн игрите на…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почина Зоран Василевски Фаци, ја загуби битката со ракот

За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар,…

November 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?