Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во две години се сервисирани околу 4,5 милијарди евра, долг кој во најголем дел е создаден од претходната влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во две години се сервисирани околу 4,5 милијарди евра, долг кој во најголем дел е создаден од претходната влада
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во две години се сервисирани околу 4,5 милијарди евра, долг кој во најголем дел е создаден од претходната влада

Објавено July 5, 2026 13:20
Сподели
Сподели

За исплатената еврообврзница за 2020 година, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се вратени 700 милиони евра кои претходната влада ги зела пред шест гдоини.

Посочи дека се вратени предвреме со што, рече,  се заштедени неколку милиони евра.

-Во овие две години, сервисирани или репрограмирани се приближно 4,5 – 4,6 милијарди евра. Тоа е долг и обврски создадени, во најголем дел, од седум години влада на СДСМ и ДУИ. Се разбира, има и дел од порано, но во најголем дел, процентуално тоа е нешто повеќе три четвртини. Ние ги сервисраме тие обврски, истовремено изнаоѓаме средства за инфраструктурни проекти. Потпишавме и колективни договори со образованието, со здравството, со адмнистрацијата итн. Кога се работи домаќински се санираат сите оние штетни последици од едно време кое не би сакал никогаш да се повтори ниту за граѓаните, ниту за државата, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.

Споредувајќи ги економскките параметри премиерот рече дека  во периодот на владата на СДСМ и ДУИ растот на Бруто-домашниот производ бил нешто под 1,8 проценти, а во седум квартали од владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече, е речиси двојно поголем односно 3,5 проценти.

– Ние ќе продолжиме да функционираме на тој начин. Сè уште треба време за посериозно да почне да се чувствува, но веќе насекаде се гледа она што се работи во овие две години, додаде Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија се засилува: Пристигна Флорент Рамадани
Следна Статија Мицкоски: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, но повторно остануваме држава со најниски цени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени…

October 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат…

April 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026

Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?