Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен

Објавено April 22, 2026 17:55
Сподели
Сподели

Имаме чувство дека процесот се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот – „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“. А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашање, што планира да направи Македонската влада за деблокирање на процесот на проширување со оглед на билатералните пречки, особено сега, кога во Буграија се одржаа парламентарни избори.

Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот.

-Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени како Влада да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални прашања кои повторно некој ќе ги отвори. И трето, што правиме со македонската заедница, која, за жал, во Бугарија не може да формира невладина организација, а камоли нешто повеќе и покрај тоа што Европскит суд за човекови права има донесено најмалку 14 пресуди со кои се бара од Бугарија да дозовли барем регистриање невладини организации, нагласи Мицкоски.

Владата, потенцира, има јасна позиција за иднината на земјата, а тоа е ЕУ, но тоа што фрустрира е, рече, билатерализацијата на пристапниот процес.

-Нашата позиција како Влада е јасна – дека иднината на земјата е во рамки на ЕУ и тука немаме никаква дилема. Но, што е тоа што ги фрустрира македонските граѓани и што ја прави македонската европска индина незивесна? Тоа е процесот на билатерализација на пристапните преговори за кој чувствуавме дека за нас е исклучително тежок и фрустрирачки. Ние овој процес го почнавме пред 26 години, кога го потпишавме договорот за ССА, пред 21 година официјално станавме кандидати, а од 2009-та  го добивме првиот позитивен Извештај од ЕК за почеток на преговорите. За жал, поради билатералните прашања, овој процес за нас се претвори во приказна без крај. Попатно го променивне своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати го менувавме Уставот, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Втор  пример нема. И повторно се бара сега од нас – промена на Уставот, истакна Мицкоски. мч/вг/

фото: принт скрин

 

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судски совет: Избрани 68 нови судии, разрешени двајца
Следна Статија Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ПРОЧКА: Празник за проштавање и очистување од гревовите

Сиропусната, белата, прошталната седмица завршува со неделата и празникот Прочка кога луѓето си проштеваат едни на други, за да ги…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Остваривме бројни политички средби на маргините на Конгресот на ЕПП во Валенсија

Актуелните геополитички предизвици, билатералната соработка, посветеноста на Владата на реформскиот процес, интеграцијата на државата во Европската унија, како и соработката…

April 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Штипско пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Денеска, рано наутро е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско, јавува М Нет-ТВ. Телото инаку…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти во трговија на големо и мало и продолжување на кризната состојба од 30 дена

Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на…

August 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?