Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок

Објавено April 22, 2026 19:04
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој е дел од владината делегација што ја предводи премиерот Христијан Мицкоски во Виена, на денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер ги истакнал регионалните развојни проекти, со фокус на коридорите како инвестиции со најголем економски потенцијал.

Николоски, како што информира преку својот фејсбук профил, се осврнал и на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10.

Соработката со Австрија, истакнува вицепремиерот, продолжува во духот на заедничките односи за развој на регионот, за економски напредок и за одржување на добрите билатерални односи.

-Денеска присуствував на средби со канцеларот Штокер и високи претставници на Владата на Австрија, како дел од делгацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на средбите ја истакнав економската соработка, можноста за нови инвестиции и развојни проекти кои ќе овозможат регионален развој и интеграција.

Австрија е долгогодишен трговски и економски партнер на Македонија и силен подржувач на земјата и во рамки на одличната билатерална соработка, нашите односи се темелат на силна доверба и заеднички визии за развој и напредок. На средбата со владините претставници, се осврнав и на изградба на брзата пруга на Коридор 10, проект кој ќе овозможи брз и ефикасен транспорт и силен економски импулс во регионот. Се зборуваше и за стратешкиот Коридор 8, како и за инвестицискиот циклус кој се случува на овој важен коридор, наведува Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во Европа нема втор пример како нас во однос на евроинтеграцијата, билатерализацијата го прави процесот неизвесен
Следна Статија Дали ваков правен лек треба и за Кочани? Швајцарија бара вонсудско решение за трагедијата во Кран-Монтана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче: 26 јули засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје

На денешен ден, пред 62 години, во Скопје се случи една од најголемите трагедии. Во 5 часот и 17 минути,…

July 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Никој нема да го чепне албанскиот јазик

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, говорејќи за предметот што пред Уставниот суд се води за Законот за употреба на…

April 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Вода ќе немаме 15 часа: Следете ги препораките на Институтот за јавно здравје

Поради активности за санација и модернизација на главниот градски водовод, скопјани вечерва ќе останат без вода. Прекинот, според информациите од…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснски, денеска во Њујорк учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?