Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)

Објавено September 24, 2025 18:17
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснски, денеска во Њујорк учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5), што се одржа на маргините на 80. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

Муцунски, какако што јави известувачот на МИА, ја истакна значајната улога на САД и поддршката што ја даваат за оваа регионална иницијатива повеќе од две децении, нагласувајќи дека нејзиното продолжување е од клучно значење за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на регионот.

Тој посочи дека е неопходно постојано да се одговара на предизвиците и заеднички да се наоѓаат најефикасните решенија, повикувајќи на засилена и прагматична регионална соработка.

– Усогласувањето со политиките и приоритетите на НАТО и Европската Унија ќе го подготви регионот за идната интеграција и ќе поттикне економски развој, демократска отпорност и посилна социјална кохезија, истакна Муцунски на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5).

САД – Јадранската Повелба е регионална иницијатива за безбедносна и политичка соработка, создадена со поддршка на САД во 2003 година со главната цел да се забрза интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и да се зајакне регионалната соработка во безбедносната и одбранбената сфера. Првично во иницијативата влегоа Албанија, Хрватска и Македонија, а подоцна им се приклучија Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што групата стана позната како А5.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски на средба со Костис Казидакис
Следна Статија Банките имаат повеќе од два месеца да ги променат условите за кредитите за прв стан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ирска е земја со најмоќниот пасош во светот, Македонија е на 81 место

Рангирањето на „Nomad Capitalist“ за 2025 ја смести Ирска како држава со најмноќниот пасош во светот. Македонија на оваа листа…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Родителите на починатите се сомневаат во обвинителниот акт, на обвинителот Коцевски му се обратија со повеќе барања

Родителите на починатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ од 16.март, денеска на 25. протестен „Марш за ангелите“ од пред…

October 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник почнува имплементација на планот за справување со корупцијата во правосудството, најави премиерот

Доволно беше чекање, акцијата против корумпирани обвинители и судии почнува од понеделник, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?