Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со Костис Казидакис
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски на средба со Костис Казидакис
МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со Костис Казидакис

Објавено September 24, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Министерот за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис, соопштија од министерството за транспорт.

Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоција на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји, се вели во соопштението.

На средбата заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка, додаваат од министерството за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“: Крајно време е да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување
Следна Статија Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Неправилности во Институтот за јавно здравје, утврдија ревизорите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за…

June 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот…

November 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Академик Урошевиќ: Во МАНУ се влегува со наука, не со етничка припадност

За МАНУ е потребен вредносен критериум, а не етничка припадност, вели академик Влада Урошевиќ за Телевизија 24. Потврдува, дека имало…

October 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Две нови услуги на МВР достапни на националниот портал за електронски услуги

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека се достапни две нови услуги на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk,…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?