Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во Лондон се сретна со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад

Објавено October 22, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Зајакнување на соработката, особено во сферата на евроинтеграциите, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамки на Европската Унија, биле темите на кои денеска во Лондон се осврнале премиерот Христијан Мицкоски и францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад.

-Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија, објави Мицкоски на Фејсбук.

На средбата, додаде премиерот, размениле и мислења за актуелните европски и глобални предизвици и ја потврдиле посветеноста за унапредување на партнерството и дијалогот.

Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација во британската престолнина на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, а во нејзин состав се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари
Следна Статија Се бара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мемов: Нема потреба од апокалиптични сценарија, исплатата на пензиите не е загрозена и ќе продолжи секој први во месецот

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов гостуваше во Тема на денот на ТВ Сител каде што одговори на повеќе…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски денеска напладне почнува официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Маскирани, вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја…

January 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема да има приватна градба, просторот околу Собранието станува безбедна зона

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кој е Виктор Стојанов: Бугарин по професија, има забрана за влез во Македонија

Главна вест во медиумите вчера беше оставката на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Рубин Земон поради неговата средба со…

May 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?