Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на ОАЕ: Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население се нарушување на меѓународното право

Објавено March 2, 2026 11:23
Сподели
Сподели

Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет. Во време на растечка неизвесност, неопходни се одговорност, координација со сојузниците и јасна определба за спречување на понатамошна ескалација, порачал премиерот Христијан Мицкоски во телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Во текот на разговорот, како што информираше премиерот преку Фејсбук, тој изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од нападите.

-Нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност,  истакнал Мицкоски.

Во разговорот, додава тој, ја нагласил и потребата од засилена грижа и координација за безбедноста на македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот.

-Информирав дека институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција доколку тоа биде потребно. Македонија, во контекст на своите стратешки интереси и сојузништва, ќе продолжи да дејствува принципиелно, внимателно и одговорно, во интерес на стабилноста и безбедноста, истакна Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Unlock the full potential of your Galaxy S26 with Spigen’s MagFit ecosystem – 9to5Google
Следна Статија Google teases ‘amazing things’ in Android 17 – 9to5Google

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа им посака добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон…

September 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија

Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мирен марш во Кочани: „Правда за хероите“

Неколку стотици кочанчани попладнево, како и изминатите денови, одржаа мирен протестен марш, барајќи правда за обезбедувачите од дискотеката „Пулс“ кои…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската „ЕЛЕНО ЌЕРКО“ ги разбранува грчките медиуми и национал-шовинистички кругови

Порталот „Грик Сити Тајмс“ и денеска се осврнува на инцидентот од минатата недела, кој стана контроверзен кога локалните власти интервенираа…

December 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?