Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“
ПОЛИТИКА

Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“

Објавено November 20, 2025 19:38
Сподели
Сподели

Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.

Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

-Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел, посочи Мицкоски.

-Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.

-Македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија, им порача на присутните во Тирана на отворањето на клубот на македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија”.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гркот Циципас фатен со 210 километри на час на обиколницата кај Атина
Следна Статија 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб „Пулс”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Манасиевски: Српска ПР агенција ги штанца лажните соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Заев стојат зад завесите

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС и…

March 20, 2026
ПОЛИТИКА

ПЛУСИНФО: Бујар Османи нема да признае пораз на 19 октомври, во ДУИ се подготвува сценарио за „сенароден“ албански протест против власта после избори?!

Како што пристигнуваат анкетите во штабот на ДУИ во Чаир, во кои апсолутната предност е во полза на Изет Меџити,…

September 22, 2025
ПОЛИТИКА

Симбол на новата надеж и иднината – Лабудовиќ најави нов плоштад во срцето на Центар

Центар се подготвува да добие нов симбол што ќе ја претставува неговата енергија, култура и иднина – Плоштад Феникс, замислен…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата – стапката на невработеност 11,5%

Премиерот Христијан Мицкоски повикувајќи се на последните податоди од Државниот завод за статистика за пазарот на труд тврди дека власта…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?