Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има поевтинување на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има поевтинување на горивата
ЕКОНОМИЈА

Ќе има поевтинување на горивата

Објавено April 19, 2026 15:50
Сподели
Сподели

Македонија е меѓу трите европски држави што презеле најобемни мерки за ублажување на ефектите од ценовните шокови, а од утре се очекува ново поевтинување на бензините и дизел-горивото за денар и половина“, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како што рече Мицкоски на прес-конференција, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд објавени на 15 април, државата се наоѓа на трето место во Европа според обемот на преземените мерки како процент од бруто-домашниот производ, насочени кон амортизирање на последиците од енергетската криза и покрај, како што наведе, тврдењата на поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека мерките или доцнеле или не биле потребни.

Она што е важно да се истакне е дека нашите политики не се изолирани, туку се во целосна линија со светските трендови. Според последните анализи на европско ниво, според ММФ, во Европа сме меѓу првите три држави кои промениле најмногу работи и примениле највеќе мерки за справување со ценовните шокови. И токму тоа може да го видиме овде на слајдот, инаку се сеќавате дека изминатиов период СДС и останатите коалициони партнери во поранешната влада како што е ДУИ велеа дека доцниме со мерките, дека тие мерки не биле доволни итн., но според ММФ податок објавен на 15 Април, а тоа е пред четири дена можете да забележите дека ние како држава сме на третото место според мерките коишто сме ги примениле како процент од БДП во Европа.

Лажеа за мигранти, лажеа дека ќе сме банкротирале, лажеа дека ќе нема за пензии, уште што ли се не излажаа, па така излажаа и за мерките коишто ги применивме и подготвени ја пречекавме енергетската криза којашто ќе повторам не зависи од нас, туку зависи од геополитичките, светски случувања. Од слајдот можете да видите и дека практично како држава сме на третото место и тоа е нешто коешто во минатото за владата на СДСМ и ДУИ претставуваше нешто коешто е невозможно. Ефектите од овие политики денес се јасно видливи“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека енергетската криза е предизвикана од глобалните геополитички случувања и дека не е резултат на домашните политики, додавајќи дека ефектите од владините мерки денес се јасно видливи, особено во услови на корекција на цените на светските берзи.

Тој истакна дека земјата се соочува со период на изразена глобална неизвесност и дека ценовните шокови на енергентите не се резултат на домашните политики, туку на геополитичките состојби, особено кризите на Блискиот Исток и турбуленциите на светските пазари. Во вакви услови, нагласи, обврска на Владата е навремено да реагира и да ги заштити граѓаните и економијата.

Мицкоски информира дека Регулаторната комисија за енергетика утре се очекува да донесе одлука со која цените на бензините и дизелот ќе се намалат за околу денар и половина. Во сила останува и мерката договорена со компанијата ОКТА, според која до крајот на април бензините ќе имаат попуст.

Истовремено, во сила останува мерката што претходно ја договоривме со ОКТА, според која до крајот на април бензините ќе имаат попуст од два денари по литар, а дизел-горивото од три денари по литар. Со тоа, повторно може да се заклучи дека сме држава со најниски цени на горивата“, истакна Мицкоски.

Според премиерот, со овие мерки Македонија е држава со убедливо најниски цени на горивата во регионот и меѓу најниските во Европа. Нагласи дека дека цената на бензинот од 95 октани во земјава се движи меѓу 1,27 и 1,31 евро за литар. За споредба, посочи дека во Грција и Албанија таа цена изнесува над два евра, додека повисоки цени има и во Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Убедливо најевтини цени. И она коешто го слушам изминативе денови, а исто имав можност да слушам накратко едно интервју дадено од претходниот претседател на владата, господинот Ковачевски дека и тогаш кога била кризата во 2022 сме имале најниски цени во регионот што е лага, не е вистина, не се такви цените тогаш во 2022 година и ќе ве потсетам тогаш инфлацијата беше со двоцифрен број проценти на месечно ниво, сега е 4,9 поради тоа што минатата година во истиот тој месец имавме мерки, така што основата со којашто се споредува е прилично ниска и тие мерки траеа и овој месец бидејќи минатата година Велигден беше на 21 Април. Се сеќавате имавме рамазанска и велигденска кошница, така што очекувам веќе од месец мај работите да доаѓаат на нивото коешто ги очекуваме“, нагласи Мицкоски.

Премиерот оцени дека ефектите од владините политики се веќе видливи и дека, покрај интервенциите кај ДДВ и акцизите, Владата има долгорочен, холистички пристап за стабилизирање на економијата. Овој пристап, како што наведе, вклучува и мерки за зајакнување на домашната економија, зголемување на конкурентноста и создавање услови за одржлив раст.

Сакам да потенцирам дека ова не е краткорочна политика, туку дел дел од поширок, би рекол холистички пристап на Владата за стабилизирање на економијата во услови на криза. Паралелно со овие мерки работиме и за зајакнување на домашната економија, зголемување на конкурентноста и создавање услови за долгорочен раст. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата и да реагираме. Нашиот пристап останува ист, без еуфорија, но со јасна стратегија, факти и резултати. Нашата обврска е една да обезбедиме стабилност, сигурност и подобар животен стандард за граѓаните“, порача Мицкоски.

Во одговор на новинарско прашање, премиерот појасни дека одлуката за измените кај акцизите и данокот на додадена вредност е донесена по истекот на првиот пакет мерки, кој важеше во првите два месеци од енергетската криза.

Како што рече Мицкоски, во текот на вчерашната владина седница завршил првиот, интервентен бран на мерки, со кои беа намалени акцизите и ДДВ за горивата. Во тој контекст, кај дизел-горивото ДДВ повторно е вратен на 18 проценти, наместо претходните 10 проценти, бидејќи, како што образложи, во изминатиот период дизелот бележел поголем ценовен раст во однос на бензините.

Кај данокот на додадена вредност кај дизелот, го имплементиравме ДДВ-то да биде 18 проценти, да не биде 10, да дојде тука, завршува тој период на таа мерка. Со оглед на тоа на движењето на цената на дизел горивата на Плац, заклучивме дека со враќањето на данокот 18 отсто, повторно ќе имаме намалување на цената на дизел горивото, имајќи го предвид просекот од минатата недела“, појасни Мицкоски.

Кај бензините, пак, Владата одлучила да го задржи намалениот ДДВ од 10 проценти и во текот на оваа и наредните две недели, со цел да се спречи дополнително поскапување и да се задржат стабилни цените на овој енергент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словачка поднесува жалба до Европскиот суд на правдата поради забраната за увоз на руски гас
Следна Статија Отров за стаорци пронајден во храна за бебиња HiPP во продавници на SPAR во Австрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Микрософт истражува прекин во услугите на Microsoft 365 и Outlook

Услугите на Микрософт беа недостапни за илјадници корисници, според сервисот за следење Downdetector

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кај една третина од контролирани субјекти УЈП утврди неправилности со фискализација

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), во текот на месец…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поранешен извршен директор на Google: Вештачката интелигенција ќе ги земе работните места на сите

Мо Гавдат, поранешен директор на Google X, лабораторијата за иновации на компанијата Google, вели дека вештачката интелигенција речиси сигурно го…

August 7, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?