Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Голема грешка на Рамадани, им наштети на кандидатите на „Вреди“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Голема грешка на Рамадани, им наштети на кандидатите на „Вреди“
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Голема грешка на Рамадани, им наштети на кандидатите на „Вреди“

Објавено October 26, 2025 16:02
Сподели
Сподели

Премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истапот на кандидатот за градоначалник од редовите на „Вреди“, Хаким Рамадани, кој повика Брвеница да биде „албанска општина“, денеска го оцени како голема грешка.

– Со жалење го слушав она што го кажа Хаким Рамадани во една егзалтирана состојба. Не знам дали тоа беше специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка. Пред сè, за кандидатите за градоначалници на „Вреди“, од истата коалиција за која настапува. Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Толку себичен потег од политичар, Македонија не видела во поновата историја – да ветува и да мисли само на себе и на својот кусоглед интерес. Притоа, да ги занемари сите останати кои се борат за градоначалнички мандати. Навистина за жалење – нагласи Мицкоски за време на денешниот престој во Брвеница мислејќи, очигледно, на изјаснувањето на етничките Македонци во овие градови и со што би можеле да се сменат резултатите од првиот изборен круг.

Премиерот додаде дека Рамадани ќе ги изгуби изборите.

– А потоа ќе биде разрешен од позицијата што ја извршува во овој момент, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа – најави Мицкоски.

На новинарско прашање дали „Вреди“ на терен повикува да се гласа против ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека не би се согласил со таква констатација.

– Не би рекол дека е така. Го следев Фатмир Лимани од Кичево и тој не повика да се гласа против нашиот кандидат. Второ, „Вреди“ испрати соопштение со кое не го поддржа Фатмир Дехари. Еве, и јас ги повикувам Албанците во Кичево да размислат дали треба да го дадат својот глас за човекот што ги уценува нивните ќерки и внуки – нагласи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Секоја успешна образовна приказна започнува со наставник кој верува во ученикот
Следна Статија Грипот зема замав: 188 случаи и две жртви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Стаменкоска Трајкоска: Ветуваме многу реални проекти кои се од корист за граѓаните

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, синоќа гостуваше во дебатната емисија 24…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави пад на цените на бензините и дизелот од следната недела

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи…

April 11, 2026
ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
ПОЛИТИКА

Eвропската демократска партија донесе одлука за обединување со ДУИ

Европската демократска партија на Аријанит Хоџа донесе одлука да отвори процес на обединување со Демократската унија за интеграција. Одлуката била…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?