Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дел од минатите раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, во моментот тоа се истражува

Објавено May 21, 2025 14:57
Сподели
Сподели

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.

– Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети – изјави денеска Мицкоски.

Според Мицкоски, не е точно дека има чести испади на енергетската мрежа, имало само еден испад изминатиот викенд поради надворешен фактор.

– Зборуваме за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400 киловолтна напонска состојба имаше 460 киловолтна состојба со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство
Следна Статија Детали за акцијата „Бункер“: Четворица уапсени, организирале нарачани убиства – Еден од убиените е и Оки од групата Грчец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на родителите на загинатите во…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Намалена видливост поради магла од 100 до 150 метри во Штип и на патот Велес-Катланово

Намалена видливост поради магла од 100 до150 метри има во Штип и на патниот правец Велес-Катланово. Од АМСМ информираат дека…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 19 илјади неважечки ливчиња регистрирани во вториот круг локални избори

Вчера во Македонија се одржа вториот круг локални избори 2025 година, во кој сите, освен четири општини, избраа градочалници за…

November 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на доградба на детската градинка во Карбинци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци во…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?