Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Доколку има иницијатива за средба Сиљановска Давкова-Жељазков на маргините на Самитот на НАТО тоа треба да се прифати

Објавено June 12, 2025 12:48
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека нема да присустува на престојниот Самит на НАТО во Хаг, таму ќе замине претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Во однос на најавите од бугарска страна дека наместо нивниот претседател Румен Радев ќе присустува премиерот Росен Жељазков, тој денеска истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати, за да се покаже проактивност и да .

Мицкоски напомена дека иницијативата за средбата на маргините на Самитот пристигнала од претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта и македонската страна веднаш ја прифатила и додаде дека според првичните најави во Хаг, Бугарија требало да ја преставува Радев.

Претседателот на Европскиот совет прати предлог, ние веднаш го прифативме, да седнат двајцата претседатели, фасцилитирани од страна на ЕУ, за време на настан, во кој сме рамноправни и едните и другите. На тој состанок имаше идеја да присуствува и генералниот секретар (на НАТО) Руте, претставници од американската администрација и да ги вкрстиме аргументите. Е сега таму гледаме една егзибиција, можеби е таков начинот на фунционирање на бугарската политичка сцена. На Самитот во Вашингтон присутен беше премиерот, каде бев јас. Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ќе побара состанок со претседателката и истакна дека доколку има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати.

Ако има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати без разлика што јас нема да бидам таму, тоа е мојот став и убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е тоа тоа што се зборува, да покажеме дека неколку стотини наши граѓани, кои за себе велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, дека тоа не е проблемот, туку има многу поголем проблем, тоа е политика стара децении, тоа е стратегија која се пишувала, говорела, внимателно се создавала и без квинслинзи овде кај нас не можела да се спроведе. За жал такви имаше во минатата влада, рече премиерот.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиумите кажа дека суштината на проблемот е „обидот на еден инженеринг, да се создаде нова македонска нација, која е резултат на одлука на Коминтерната по ’45-та година од минатиот век и дека таа нова македонска нација користи нов македонски јазик, кој станува службен во ОН, како дел од југословенската федерација во ’45-та година и дека почива на бугарски корени“. Нагласи дека секој оној, кој не гледа дека ова е суштината на проблемот е, вели или политички аналфабет или не треба да се занимава со политика и додаде дека ова точно го знаел поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, прифаќајќи го францускиот предлог.

Кон крајот на минатиот месец, Мицкоски истакна дека на средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, меѓу другото, разговарале и за евентуалната билатералната средба со бугарската страна, за нејзиниот формат, кој се би можел на неа да присустуствува и каде би можела да се одржи.

Претстојниот Самитот на НАТО во Хаг, како што кажа тогаш е добра можност за средбата, на неа би присустувале претедателката Гордана Сиљановска Давкова, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас, а составот, како што посочи Мицкоски го прошириле и со можноста за присуство на генералниот секретар на НАТО Марк Руте, како и претставници на САД.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Снимен моментот кога се урна авион со над 240 патници во Индија
Следна Статија 1.782.000 ЕВРА ГЛОБА ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“ И „ФАРМА ТРЕЈД“: Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Милошоски: Главниот актер во “канцероген мазут”, помина само со домашен притвор, борбата за реформи во судството ќе биде тешка

Тоа што вчера СДСМ и ДУИ не гласаа за интерпелациите за Судскиот совет е доказ за тоа чии инсталации се…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски оствари средба со претседавачот на Минхенската конференција за безбедност, Хојзген и со хрватскиот премиер Пленковиќ

Актуелните безбедносни предизвици во Европа и регионот и можностите за зајакнување на меѓународната соработка во доменот на безбедноста и стабилноста,…

February 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа Лазарева сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Оваа сабота е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ даде зелено светло за реформската агенда на Македонија: Вредност од шест милијарди евра

Земјите-членки на Европската унија дадоа зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање…

October 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?