Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат

Објавено April 28, 2025 17:38
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана која е нејзината порака за уставните судии при носењето одлука за Законот за употреба на јазиците, вели дека „треба да се држат до Уставот и нема да згрешат“.

-Не сакам да влијаам врз Уставниот суд, но еве една генерална препорака, да се држат до Уставот, да го бранат Уставот, да бидат храбри, да се држат, исто така, до „amikus kurie“ на Венецијанската комисија и така нема да згрешат. Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат, изјави Сиљановска Давкова, одговарајќи новинарски прашања на денешната прес-конференција по отворањето на тркалезната маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставен суд?”, денеска во Уставниот суд.

Уставниот суд во декември минатата година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците. Седницата беше закажана за 20 март, но беше одложена поради несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и треба дополнително да биде закажана.

Како што информираше претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на брифинг со новинари, на подготвителната седница, која ќе се емитува во живо, се поканети Мартин Кујер, потпретседател на Венецијанската комисија и холандски врховен судија, кој ќе го образложи пријателскиот совет што нашиот суд го побара од Венецијанската комисија и Артурс Кучс, судија на Европскиот суд за човекови права со експертиза за малцинските права и употребата на малцинските јазици, кој ќе ја образложи праксата на ЕСЧП во слични случаи и ќе ги презентира европските стандарди за употребата на јазиците.

Претседателот дополни дека на седницата ќе се зборува само за материјалното право, бидејќи формалниот дел на уставноста е веќе апсолвиран. Станува збор за Указот за Законот за јазици за кој е веќе одржана подготвителна седница во 2021 година.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии и здруженија, оформен во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија. Уставниот суд може да ги отфрли иницијативите, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, Васко Лазески, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски. По одржувањето на подготвителната седница, судијата известител има рок од шест месеци да подготви реферат за предметот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филков: Има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик
Следна Статија Ивановска: Претседателката на ДКСК мора под итно да си поднесе оставка за да може институцијата слободно да се чисти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. Претешка е судбината на…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАЛИ ХЕРОИ И НАША ГОРДОСТ: Четворица четвртооделенци спасија човечки живот (ФОТО)

Четвртооделенците, Марко Ташков, Ристе Димитров, Михаил Трајчев и Давид Илиев од штипското Општинско основно училиште (ООУ) „Тошо Арсов“ се млади…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавните обвинители

Владата на денешната седница донесе заклучок во однос на петте кандидати за јавен обвинител и во согласност со законските одредби…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска на пладне ја свика втората седница на Советот за безбедност. Членови на Советот за безбедност…

August 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?