Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Костадиновски: Нападите врз Уставниот суд ги сметам за комплимент
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Костадиновски: Нападите врз Уставниот суд ги сметам за комплимент
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Нападите врз Уставниот суд ги сметам за комплимент

Објавено July 14, 2026 21:26
Сподели
Сподели

Нападите од поликата и од некои државни органи кон Уставниот суд ги сметам за комплимент за неговата работа, изјави денеска претседателот на Судот, Дарко Костадиновски.

Првиот човек на Уставен ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање на денешниот отворен брифинг, а во врска со неодамнешната рекација која дојде од Судот со наводи дека се прават обид за политизација на неговата работа, преку реакции и друи манифестации со кои се искажува незадоволството од донесените одлуки. Најсвежи во тој контекст се реакциите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во врска со укинувањето на одлуката на Општина Тетово од 2007 година за преименување на дел од улиците и централниот плоштад во градот, како и обвинувањата од Левица околу постапувањето на Уставен по нивната иницијатива за уставноста на Изборниот законик во делот на политичкото рекламирање.

Дополнително, Костадиновски во одговорот опширно се осврна на реакции по укинувањето на „балансерот“ – алатката за вработување во јавната администрација според националната припадност, а ги спомена и иницијативите за Законот за употреба на јазиците и измените на Кривичниот законик.

Според него, политизацијата на Уставниот суд започнала уште по првото негово интервју по изборот за претседател на Уставен, кога најавил дека веќе нема да има чување предмети, нивна поделба на сензитивни, повеќе сензитивни и помалку сензитивни, бидејќи, како што додаде, поради чувањето предмети во фиока сме стигнати до оваа ситуација, во која целиот систем има два проценти доверба кај граѓаните.

„И таа политизација е континуирана, дали станува збор за Законот за употреба на јазиците , дали бил ‘балансерот’, дали биле одредени предмети – Кривичен законик, Изборен законик, улиците. За мене, некаде веќе имам кажано, нападите од политиката и од некои државни органи кон Уставниот суд, ги сметам како комплимент за работата на Судот. Штом тие се нервозни, значи ние добри си ја работиме нашата работа, затоа што нашата суштина е да ја ограничиме политичката власт и да ја држиме во правни рамки, односно во уставноправни рамки, да не ги пречекоруваат нивните надлежности, да не влијаат врз другите власти непропорционално. Едноставно го штитиме Уставниот поредок таков каков што го предвидува Уставот. Тоа е прва наша задача“,рече Костадиновски.

Таа нервоза, според претседателот на Уставниот суд, отвора и друго прашање: Каква држава сакаме да градиме. Дали тоа ќе биде држава во која ќе владее правото, со европски стандарди, во која политиката нема да биде на институциите и во која правото ќе биде над политиката, или ќе остане како досега.

Костадиновски во таа насока кажа дека она што тој го нарекува квазидржава во која политиката е над институциите не сакаме, туку ни треба држава со силни, демократски институции, кои ќе работат во рамките на своите надлежности, за кои ќе биде ирелевантно кој е на власт.

Во тој контекст, претседателот на Уставен се осврна на протестите на ДУИ за имињата на улиците, без да ја именува партијата која ги организира.

„Тие протести се протести против владеењето на правото. Зошто не ја гледаат суштината, 15 години имале можност да ја спроведат законската постапка. Замислете, ако ние замижеме, условно кажано, политичка одлука, што е политичка одлука, да речеме во ред е одлуката на Општина Тетово, па ние имаме 80 општини во државата, утре ќе речат Уставниот суд има пракса, не треба законските услови да бидат исполнети, штом може за нив, може и за нас“,рече тој.

Тој ги оцени како апсурдни и бесмислени квалификациите што ги слуша за себе дека е антиалбанец.

„Јас во тоа соопштение посочив два примера – за улиците во Град Скопје и во Чаир. Е како тогаш Уставниот суд рекол дека не поведува постапка? Зошто? Затоа што е запазена законската процедура. Тогаш што сум бил, проалбанец. На еден од тие предмети јас бев судија известител. Тогаш сум бил проалбанец, но сега за Тетово сум антиалбанец. Апсурдно, бесмислено. Затоа велам овие напади за нас отвораат покруцијално прашање: Каква држава сакам? Дури и ако ме прашате, нам ни треба навистина нов општествен договор за да владее правото во оваа држава. Ако не го постигнеме тоа, по 10 години ќе зборуваме за истите теми. Треба да преминеме во зрела демократија, доста е со етнички теми, тие не нè носат напред, не ни носат напредок. Граѓанинот е битен“,рече Костадиновски.

За укинувањето на т.н. „балансер“, Костадиновски рече дека со одлуката на Уставен не се случило ништо драматично, туку само се овозможило тие што ја критикуваат оваа одлука, да можат да си ги остварат своите уставно загарантирани права во државни и во јавни институции каде што работат стручни и квалификувани државни службеници.

Во однос на нападите кон Уставниот суд, тој наведе примери кои, според него, покажуваат што е безобѕирно лажење од страна на политиката. Тој, без да го именува, наведе потпретседател на една политичка партија, која, како што рече, во речиси секој јавен настап го прозива дека ставил еднојазична табла во салата за конференции на Уставниот суд.

„Ете тој потпретседател на партија треба да си го праша нивниот пратеник, поранешен претседател на Уставниот суд, кога е ставена таа табла и од кого. Замислете, мене што сум станал претседател во 2024 година ме обвинува, и тоа на секој негов јавен настап. Не е така, нивниот пратеник кога бил претседател на Уставниот суд во 2021 ја има ставено оваа табла, а јас ја имам ставено оваа табла (покажува на таблата зад него на која е испишано името на институцијата на македонски, албански и англиски јазик) Гледате каква перцепција се создава, по принципот дека ако една лага ја кажат сто пати, таа ќе стане вистина – нема да стане вистина. И за ‘балансерот’ истиот тој човек вели, јас сум ја спроведувал програмата на некоја политичка партија со укинувањето на ‘балансерот’. Тоа се лаги“,рече Костадиновски.

Како лага ги оцени и наводите на политичката партија Левица дека го чувал предметот по нивната иницијатива за Изборниот законикот, во делот на политичкото рекламирање. Вели дека има точно датум кога е формиран предметот, кога е предаден кај него и кога е ставен на дневен ред.

„Не сакам да ги споменувам со имиња, оти не сакам да полемизирам со политиката затоа што не кажувам за сите, но имаме сериозно примитивна политичка средина. И тоа е еден, не докажав, каде јас ги гледам проблемите зошто сме се нашле на такво дереџе, тоа е супериорноста, надмоќта на една од властите врз другите власти и тоа креира таков амбинет, но паралелно и ниската политичка култура“,изјави Костадиновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Ако умреме, нека умреме заедно“: Жената на српскиот патник од „Рајанер“ ја раскажува драмата во авионот
Следна Статија Условна казна затвор од една година за екс претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани

На денешната 82 редовна седница на Владата и официјално се усвои информација за потреба од обезбедување на рехабилитација во Пониква,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Изборот на новите министри ќе биде по завршување на седницата за Буџетот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на брифинг со новинарите изјави дека седницата за разрешување на министерот за евроинтеграции, Орхан…

December 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите и безбедноста на граѓаните

Коалицијата СДС и ДУИ се покажа на дело и во опозиција. ДУИ и СДС направија брак и застанаа против животите…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по повод Прочка: Вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите и да продолжиме со чисто срце

Во брзината на секојдневието, често пати забораваме дека вистинската сила е во способноста да покажеме разбирање за потезите на другите…

March 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?