Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава
МАКЕДОНИЈА

Попов: Борбата за зачувување на македонскиот јазик не е завршена, тој е загрозен и внатре во самата држава

Објавено May 5, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Аргументирано можеме да тврдиме дека официјализирањето на македонската азбука и на македонскиот стандарден јазик не е некаква “вештачка конструкција“, туку претставува логичен след на долговековниот просторен и временски континуитет на македонскиот јазик и неговите дијалекти на целата јазична територија- истакна претседателот на МАНУ, Живко Попов, по повод одбележувањето на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Според него, дијалектното богатство, вградено во литературата и стандардот, го прави посебен, уникатен, и докажува дека македонскиот јазик има долга историја и особен влог во рамките на групата словенски јазици и светското јазично семејство, а неговата посебност и специфичност предизвикува особен интерес во меѓународната лингвистичка научна средина.

Но борбата за зачувување на македонскиот јазик, како што нагласи Попов, не е завршена.

Таа мора да трае и да продолжи пред меѓународните институции за човекови права, бидејки неговата официјална употреба од страна на деловите на македонскиот народ во соседните земји е оневозможена со превземените обврски со договорите од Преспа со Грција и оној за добрососедство со Бугарија.

Во исто време македонскиот јазик е загрозен и внатре во самата држава, каде не е подеднакво почитуван на целата нејзина територија. Законот за македонскиот јазик за жал е донесен отпосле и сега државните институции треба да вложат многу поголеми усилби за негова правилна примена. Уставниот суд во чиј капацитет веруваме е на потег да воспостави правилна употреба на македонскиот јазик како официјален јазик за меѓусебно разбирање на сите граѓани на целата територија на државата, согласно општоприфатените меѓународни прописи во светот и ЕУ каде што ние целиме – истакна Попов.

МАНУ, појасни Попов, во соработка со Институтот за македонски јазик, катедрата по македонски јазик при УКИМ и другите универзитети и научни институции продолжува во полна пареа да работи на збогатување и усовршување на македонскиот литературен јазик.

Истакнувајќи неколку цитати на Блаже Конески претседателот на МАНУ нагласи дека зборовите и делата на Конески и денес одекнуваат силно, но исто така и силно ги обврзуваат следните генерации да продолжат да го негуваат, проучуваат и да го афирмираат македонскиот јазик, основен белег на нашиот идентитет и култура, на нашето минато, сегашност и на нашата иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Еве како амбасадорката Агелер го честиташе Денот на македонскиот јазик
Следна Статија Сиљановска не гледа потреба од предвремени парламентарни избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите на реката Луда Мара

Куче било спасено синоќа од страна на пожарникарите, од водите на реката Луда Мара во Кавадарци. Член на здружение за…

December 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа студен бран со врнежи од снег

Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од…

February 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целта ни е да станеме центар на дигитални иновации во регионот, земја што ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти

Чест ми е што денес сме заедно со Западнобалканскиот дигитален самит 2025 – место каде не зборуваме само за технологии,…

October 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кики Мукаетова со потресна исповед за врсничкото насилство: Два пати ми го скршија носот, со години живеев во страв

Водителката на емисијата „Низ град со Кики“, Кики Мукаетова, преку објава на социјалните мрежи сподели лично сведоштво за врсничкото насилство…

July 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?